Ако немаш храброст да ја направиш среќна, оди си!
Ако сила немаш за да ја износиш на плеќи нејзината сила, оди си. Ако немаш желба да ѝ ги скротиш демоните на душата, оди си.
Ако постојано имаш оправдувања наместо поводи, оди си,
Ако постојано друго ти е приоритет, а таа на дното на листата, оди си,
Ако што велат другите ти е поважно од што вели таа, оди си,
Ако среќа не ти е нејзината среќа, оди си,
Ако не си дораснат за да ѝ бидеш достоен, оди си,
Ако очите поради тебе со солзи полни ѝ се, оди си,
Ако да ја растажиш не те колеба, оди си,
Ако сила немаш за да ја износиш на плеќи нејзината сила, оди си,
Ако да љубиш безрезервно не умееш како што таа знае, оди си,
Ако кога тажна ја гледаш, срцето не те жегнува, оди си,
Ако и само еден животен сон ѝ расипеш, оди си,
Ако само и грам сјај од очите ѝ одзедеш, оди си,
Ако немаш желба да ѝ ги скротиш демоните на душата, оди си,
Ако поради неа луди работи да сториш не ти паѓа на ум, оди си,
Ако за неа не си подготвен да се бориш, оди си,
Ако за тебе таа не е светот, оди си,
Ако не се плашиш дека може да ја изгубиш, оди си,
Ако не ти е најголем кошмар, иднината во која неа ја нема, оди си,
Ако не те боли тоа што ти се слизнува низ прсти, оди си,
Ако ти е навика, а не потреба, оди си...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело