Ако се разгалувате себе, правете го тоа почесто од еднаш месечно
Многу од нас функционираат на принцип да си дозволат нешто убаво и полуксузно еднаш месечно. Но, дали знаете дека уште подобро ќе си направите ако го правите тоа почесто?
Возбудата поради нешто ново, што сами си го купувате, е одлична за да можете да бидете и продуктивни, но и смирени. Нема ништо лошо во тоа да сакате да трошите пари за себе. Во суштина, поради тоа и ги заработувате.
Ништо од купеното не мора да биде прескапо, сè додека ви прави задоволство. Исто така, дури и кога сакате и можете да си купите нешто поскапо, направете го тоа. Можеби некој би ви кажал дека правите непотребни трошоци и дека можете без нешто, но не им дозволувајте да ви го уништат меракот.
Што се подразбира под разгалување на себе?
Нема општа дефиниција која би опишала што точно е саморазгалувањето. Тука спаѓа и јадењето во омиелниот ресторан, купување нова книга, поминување време насамо со шолја чај...
Тоа не значи дека треба да потрошите голема сума пари, напротив. Треба да ги најдете сите задоволства што ве прават среќни и да дозволите да уживате што почесто во нив.
Маникир? Секако. Нови чевли? Зошто да не. Масажа? Нема проблем. Сè она што ве прави да бидете вие и да се чувствувате убаво, треба да си го дозволите, без да мислите дека ќе се разгалите премногу. Запомнете, вие сте возрасна личност која го знае концептот на разгалувањето и дека тоа не е исто како и разгалените деца.
Не заборавајте, секогаш кога правите нешто за себе, и телото и духот ви се благодарни за тоа.
Е. Д. | Црнобело