На детето во САД не му дојдоа другарчињата ама и во Македонија си немаме време за пријателите

Животот им се сведе на извршување на физиолошки потреби, како да се уморни од животот во најубавите години. Ги жалам ваквите луѓе, искрено и од дното на срцето!

na-deteto-vo-sad-ne-mu-dojdoa-drugarchinjata-ama-i-vo-makedonija-si-nemame-vreme-za-prijatelite-01.jpg

Веста што вирално кружи деновиве за 6-годишното детенце кое тажно позира на неговата роденденска маса кога не се појавило ниту едно од неговите другарчиња навистина допира до срце. И веруваме дека другарчињата не се виновни, туку виновни се нивните родители кои биле наводно презафатени за да ги однесат.

И не велам дека немаме обврски ама мора да си признаеме дека барем кај нас ретко кој работи две работи едновремено, па така можеме да пронајдеме час, два време за да им ги посветиме на пријателите.

Неодамна и јас славев роденден и далеку од тоа дека не се собравме, но имаше изговор на една пријателка од типот: „Грлото ме боли, па договорив средба дома со партнерот, нема да бидам во форма да дојдам“.

Верувај ќе бидеш во можност да дојдеш - ако сакаш, но трагично е што не сакаш. Знаеш, ти си една од оние...

Од луѓето кои постојано безенергични свиени пред телевизорот и лаптопот на каучот во животите прават НИШТО. Буквално ништо. Така си ги ситнат часовите од секој ден, живеат во некоја сива низа, чекајќи го времето за легнување, па за станување за на работа, па за ручек.

Животот им се сведе на извршување на физиолошки потреби. Како да се уморни од животот во најубавите години. И ќе се запрашате кои години? Па, сите се најубави години само ако знаеме да си ги направиме. Познавам и 20-годишни баби во душата и 40-годишни забавни типки кои  живеат со полн здив.

Ја болело грлото? Не се шегувај со мене, сакав да ѝ кажам. Толку си преморена од сè, што очите ти го изгубија сјајот. А реално гледано и никогаш не си имала толку големи проблеми за духот да ти биде вака убиен. Луѓе живеат со планини на грбот и пак се поведри од тебе. Повторно повеќе му се радуваат на животот и на врските со луѓето во него.

Да, животот со луѓе се живее, а не заклучен сам во својот дом без контакт со светот. Партнер, колешки од новата работа, колешки од старата работа, другарки од детство, од факултет, сосетки, другари на другари, јас за сите имам време, не знам како ти не успеваш.

Блиските луѓе може да ти се избројат на една рака и повторно не им обрнуваш внимание. Не знаеш да се јавиш да ги прашаш како се, да ги удостоиш со твоето присуство на нивниот роденден, да споделиш со нив и среќа и тага.

И не бев тажна колку 6-годишното момченце, имам некоја година плус, но бев тажна затоа што сфатив дека како старееме така луѓето ја губат љубовта кон животот. Како да живеат зошто мораат, а не затоа што сакаат. Чекајќи да им помине денот, ќе им помине животот.

Испуштаат родендени, прослави, одмори, собиранки, семејни средби... Сето она за кое вреди да се живее. Верувај ми не е смислата на животот денес да изгледаш 7 епизоди од твојата омилена серија и да ги запоставиш сите околу себе.

До кога планираш вака? Животот не е дестинација, животот е патување и уживање во секој миг од него!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg