Најчестите лаги што си ги кажуваме себе и како да ги надминеме?

Лесно е да му се каже на некого да дојде до својата вистина. Но, дали и самите можете да го примените тоа за себе?

najchestite-lagi-shto-si-gi-kazhuvame-sebe-i-kako-da-gi-nadmineme-01.jpg

Во текот на денот илјадници зборови ги кажуваме гласно, а неколкупати повеќе кажуваме во себе. Најчесто, она што ќе го изговориме е речиси потполна вистина и со јасна поента. Проблемот се појавува кога треба да бидеме реални и отворени кон самите себе.

Замижувањето пред реалноста е голема лага која си ја приредуваме на себе, а по некое време тоа ни ја поматува перцепцијата за реалноста. Можеби навистина се тоа ситни лаги, но ако почнеме да им веруваме, веќе сме го испуштиле управувачот од свои раце и сето тоа може да отиде предалеку.

Поради тоа, кога следен пат ќе се фатите како си кажувате себе макар и најбела лага на светот, поставете си и прашања кои ќе ве стимулираат да размислите и да согледате дека реалноста е сосема поинаква.

1. „Добро е вака како што е“ кога не е

Одговорете го прашањето: „Дали навистина е добро вака како што е?“

najchestite-lagi-shto-si-gi-kazhuvame-sebe-i-kako-da-gi-nadmineme-02.jpg

2. „ОК сум“ во моменти кога ни оддалеку не сте

Одговорете го прашањето: „Што навистина се случува тука?“

3. „Сè се случува со причина“ кога не можете да ја лоцирате причината

Одговорете го прашањето: „Дали е прифатливо ако за ова воопшто нема причина?“

4. „Тоа е што е“ кога не можете да ја прифатите реалноста

Запрашајте се: „Дали постои опција да промените нешто, за да го промените и резултатот?“

najchestite-lagi-shto-si-gi-kazhuvame-sebe-i-kako-da-gi-nadmineme-03.jpg

5. „Не знам како да постапам“ во моменти кога знаете дека мора да постапите некако

Помислете што вие би советувале некој друг кој е во вашата ситуација.

6. „Целосно сум изгубен/а“, кога длабоко во себе знаете дека не сте

Одговорете на прашањето: „Што е тоа што ми одзема најмногу енергија?“

7. „Ова сигурно нема да успее“, кога воопшто не сте ни пробале

Запрашајте се: „А што ако успее?“

Ваквите потпрашања кои си ги поставуваме на себе можат многу да ни помогнат да ги надминеме ситните или крупните лаги со кои живееме. Тие ќе ви помогнат да бидете тоа што сте, но и да станете она што сакате да бидете.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg