Животни заблуди во кои треба да престанете да верувате
Стегите кои ни ги создаваат општеството и традиционалните верувања може да ни создадат непотребен притисок и да нè доведат до заблуди и погрешни заклучоци.
Затоа, треба да престанеме да се водиме од општите идеи за она што е, наводно, правилно и да не прифаќаме како вистина сè што ќе чуеме.
Ова се најчестите животни заблуди во кои, за жал, многу луѓе веруваат:
Да се биде сам не е исто што и осамен
Самиот човек не е осамен исто како што и оние кои се во врска не се неопходно среќни. Оние кои се среќни сами, може да бидат многу поисполнети отколку оние кои се во лоша врска.
Научете да ја цените сопствената вредност и не влегувајте во врски и односи кои ве влечат на дното.
Среќни сте кога ќе добиете сè што сакате
Да се биде среќен не значи дека веќе немате желби. Среќата е кога сте благодарни за она што го имате, но и кога знаете дека имате уште многу нешта да ги земете од животот.
Затоа, треба да го цените секој момент што го имате и да го живеете животот со полни гради.
Болката е нешто што можете да го видите
Никогаш не потценувајте нечија насмевка и немојте однапред да тврдите дека на некого му е многу лесно, само затоа што јавно не искажува чувства.
Осудувањето на другите е залудно потрошено време. Наместо тоа, можете да бидете нивни пријатели и да негувате добри односи со сите.
Животот треба да се живее по однапред одреден начин
Бидете искрени и реални кон себе - животот не можете да го живеете по дефиниции и правила. На тој начин само си поставувате ограничувања кои можат да ве направат несреќни.
Променете ги нештата што можат да бидат променети, насочете ги мислите кон позитивното размислување и никогаш немојте да се вознемирувате доколку нешто не оди како што треба. Доаѓаат и добри денови.
Убавиот живот е само за привилегираните
Никој не е однапред привилегиран за убав живот. Доколку сте имале лошо детство, не значи дека и иднината ќе ви биде лоша. Всушност, сето тоа зависи од вас, а вие никогаш не треба да заборавите дека секогаш можете да направите одредени промени, за да ви биде поубаво.
Е. Д. | Црнобело