Што прави мудрата жена поразлично од чувствителната?

Дали некогаш сте помислиле што е разликата помеѓу мудрата и чувствителната жена?

shto-pravi-mudrata-zhena-porazlichno-od-chuvstvitelnata-01.jpg

Во какви животни ситуации се наоѓа едната, а во какви другата, и на кој начин се справуваат со нив?

Што мислите што е подобро – да владеете со разумот или со чувствата и емоциите?

Погледнете која е разликата помеѓу мудрата и чувствителната жена и сами проценете што ќе одберете.

Чувствителната жена мисли дека може да биде среќна само кога е во право. Мудрата жена знае дека е во право тогаш кога е среќна.

Кога мажот ќе направи грешка, чувствителната жена му го „вади низ нос“ тоа, со омилената фраза „ти реков“. Мудрата жена го поддржува, се обидува да го развесели, а понекогаш се преправа дека грешката не се ни случила.

Чувствителната жена го презема „кормилото“во свои раце во кризни ситуации, учејќи го мажот како се прават работите правилно. Мудрата жена му предлага можни решенија на мажот и го поддржува во намерата сам да ја постигне целта.

Чувствителната жена секогаш ќе сака децата да ѝ учат нешто од што можат да живеат. Мудрата жена сфаќа дека сите се посебни и ги охрабрува децата да го прават тоа што ги усреќува.

Чувствителната жена често се обидува да ги надмине сите во работата, водејќи сметка да не направи некоја грешка. Мудрата жена се труди да создаде пријатна атмосфера во опкружувањето.

Жената која е чувствителна честопати го следи секој чекор на децата, дури и кога ќе пораснат се однесува како уште да се мали деца и им „соли памет“. Мудрата жена ги пушта децата да учат од сопствените грешки и да го живеат својот живот.

Чувствителната жена дава отпор пред советите од свекрвата, се претставува како независна и од своите родители, па одбива секаков совет и помош. Мудрата жена ислушува што имаат другите да кажат, а на крајот го прави она што мисли дека е најдобро за нејзиното семејство.

Чувствителната жена сака да го промени светот, сè и сите околу себе. Мудрата жена се обидува да се промени себеси и да ги прифати другите онакви какви што се.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg