Александар Тарабунов за CRNOBELO лексикон: „Бев многу немирен ученик“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Немам идол, а да не е познат.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Брзата птица итрица.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Јоши и Супер Марио на нинтендото што ми го поклони татко ми, а за надвор Граница.
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Со фудбал го скршив прозорецот на директорот во основно не сакајќи.
17. Дали некогаш си се степал?
Да.
18. Што правиш во слободно време?
Уживам во животот, спортувам и се дружам.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во 80-ти - најплодните години за музиката.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Авион и јахта.
21. Од што се плашиш?
Од длабочина.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Тоа беше во градинка, поради неа научив да ја изговорам буквата р, бидејќи требаше да играме танго и ми кажа дека не може да играме танго зашто не сум знаел да кажам р, па научив за еден ден и после тоа она сакаше да играме танго и јас ја одбив, не ја кажувам која е.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Имам повеќе омилени ама не откачувам никогаш на песни во кафана, туку ги уживам.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На патувања.
25. Кое е најубавото место на светот?
Малдиви и Сејшели, иако не сум бил, сакам да ги посетам.
26. Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Александар Тарабунов: Како започна CRNOBELO и од каде идејата?
CRNOBELO.com: CRNOBELO.com буквално започна на домашен компјутер во дневна соба (ха-ха). Идејата беше да направиме сајт што ќе биде различен од сите останати, каде што ќе нема дневни вести за политика и црна хроника. И веќе 16 години успешно ја извршуваме мисијата.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело