Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот

zabluda-e-deka-mozhesh-da-gi-zadrzhish-lugjeto-koga-sakaat-da-si-odat-01.jpg

Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат.

Можеш само да им го забавиш процесот на заминување ако им се понижуваш, им го храниш егото, им се закануваш или пак им прогледуваш низ прсти, им го даваш тоа што го имаш и максимум што знаеш и умееш.

Можеш да ги врзеш, но не можеш да ги сочуваш до себе. Луѓето не се чуваат, се чува стадото.

Луѓето или те прифаќаат или не. Или те сакаат или не. Или си им добар или си им лош.

На нив си им како неопходна дневна состојка, некогаш медена, некогаш горка. А и тие на тебе. Па, ако ти ги прифаќаш нив без притисоци, зошто не и тие тебе?

Луѓето што сакаат да си одат од твојот живот не можеш да ги сочуваш, дури и да се претвориш во нивна сенка.

Во животот ќе ти останат оние кои не мораш да ги чуваш. Оние кои не треба да те чуваат тебе. Оние со кои си поврзан/а, оние со кои си едно.

А другите? Нека им е среќен патот!

Извор / фото: deposiphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg