„На враќање ќе купиме“, „Ќе ти порасне носот ако лажеш“ - Слатките лаги кои ни ги кажуваа родителите кога бевме деца
Јади спанаќ да бидеш силен како Попај.
Хероите и јунаците од омилените цртани секогаш се добра инспирација за добронамерна родителска лага.
Носот на Пинокио и спанаќот на Попај се најчесто употребуваните лаги за родителите ги натераат своите мали човечиња да ја кажат вистината и да го изедат зеленчукот.
И посебно за постарите генерации за кои морепловецот Попај беше синоним за сила и бестрашност, спанаќот брзо го снемуваше од чинијата, ама за жал, без посакуваните и очекуваните супермоќи.
Нема да те боли.
Тоа е лагата што ми остави најголема траума од деството и поради која почнав да се сомневам во зборовите на мајка ми.
Вакцини, инјекции, земање на крв од прстот, бетадин или алкохол на раскрвавено колено… Списокот е долг, а лагата е иста, само со различен степен на болка.
Уште малку и стигнавме.
Автомобил, долг пат, ненаспани, уморни и на сето тоа, кога ќе се додаде детската нетрпеливост и десетиците прашања во една минута, на родители има останува само да се снаоѓаат и секако, да излажат.
„Уште малку и стигнавме“ и често употребувана на патувања, кратки или долги, често надополнета, „Ако заспиеш малку, кога ќе се разбудиш, ќе го видиш морето“.
Ако ми ја кажеш вистината, нема да те казнам.
Тоа е таа бела родителска лага која служи за стимулирање или манипулирање за секогаш да се кажува вистината, и секогаш, функционира, дури и кај постари.
Можам и оттука да те видам што правиш.
Поради оваа реченица, долго време слепо верував дека мајка ми има супермоќи или „очи и на тилот“ и дека мајките едноставно знаат сè.
Децата знаат мошне вешто да го искористат секое мало невнимание од родителите за да направат нова беља, па тие, мајките и татковци, секако, мора да се служат со лаги за да го одржат мирот и редот во домот.
И секако ова се само мал дел од широката палета на бели родителски лаги, во кои секако, најтрадиционални се „Ако си умен, Дедо Мраз ќе ти донесе подарок“ и „Тебе штркот те донесе кај мама и тато“.
И колку и да се смешни и нелогични, овие мали лаги, се верен пријател во воспитувањето на децата.
Кои се лагите од Вашите родители во детските денови?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com