„На враќање ќе купиме“, „Ќе ти порасне носот ако лажеш“ - Слатките лаги кои ни ги кажуваа родителите кога бевме деца

„Тебе штркот те донесе кај мама и кај татко!“ , „Ако си умен Дедо Мраз ќе ти донесе подароци“... Кои се лагите од Вашите родители во детските денови? Кои лаги најчесто ги кажувате вие како родители?

na-vrakjanje-kje-kupime-nema-da-te-boli-kje-ti-porasne-nosot-ako-lazhesh-kako-n-zalazhuvaa-roditelite-koga-bevme-deca-01.jpg

Уште од детските денови нè учат дека најважно е да ја кажуваме вистината и само вистината.

Почнувајќи од нашите родители, па бабите и дедовците, а потоа и учителките во градинка, забавиште и на училиште нè учеа дека на „лагата и се кратки нозете“ и дека не смееме да лажеме.

Многу генерации пред мојата, а и после мене, растеле, растат и ќе растат исплашени дека „носот ќе ни порасне како на Пинокио“ ако лажеме.

Тој омилен лик од цртаните ни остана траума од детството бидејќи стравот од голем нос беше реален.

Но, како што растевме и почнавме да го откриваме секојдневниот свет околу нас, сфативме дека нашите „домашни херои“ не секогаш ја кажувале вистината и нивните лаги биле почести отколку што можеме да си замислиме.

Но, тоа се тие добропознати „бели лаги“, кои, верувале или не, најчесто биле кажани за наше добро или за мир во куќа.

Влези, нема да те удрам.

Оваа лага секогаш следуваше по некоја беља или неволја, и ние, знаејќи дека сме виновни, не сакавме да влеземе дома знаејќи дека следува мала казна.

И додека упорно одбиваме да влеземе дома, тие нè лажеа, дека нема да не удрат, иако со првиот чекор после куќниот праг си добивавме, мала, но заслужена шлаканица или „папуча по задникот“.

lagite-od-nashite-roditeli-za-mir-vo-kukja-na-vrakjanje-kje-kupime-nema-da-te-boli-i-prodavnicata-za-igrachki-e-zatvorena-020202.jpg

На враќање ќе купиме.

Детските очи се ненаситни, па сакаме сè што светка, свири и прави врева, па колку и да имаме играчки дома, секогаш има поубава и поинтересна на полицата во продавницата. Па, за да не ги скршат детските срценца и надежи, често користена, беше таа лага, „на враќање ќе купиме“, а уште почесто, децата забораваа дека и побарале нешто на почетокот од шопингот.

Чичкото што продава чоколади се разболел.

Оваа лага од детството важеше за сите кои продаваа нешто, чоколади, слатки, сладолед, играчки, топли, крофнички и шеќерна волна.

lagite-od-nashite-roditeli-za-mir-vo-kukja-na-vrakjanje-kje-kupime-nema-da-te-boli-i-prodavnicata-za-igrachki-e-zatvorena-000004.jpg

Расипано е

Уште само една во низата на „родителски лаги“. Од далечински управувач, до играчка чија врева „иде на нерви“, до мобилен телефон и ред мали други непотребни ситници.

Кога не е време, ни место да се користи, тогаш, по правило, расипано е.

Продавницата за играчки не работи.

Оваа лага е само надополнување на „расипано е“ или „чичкото што продава се разболел“, иста идеја, само друга формулација.

И секако, малите детски паметчиња, кои наивно им веруваат на родителите, штом ќе слушнат дека е затворено, ќе прекинат да инсистираат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg