Направи сам: 3D ѕидни декорации во домот
Разните бои на ѕидовите или тапетите и сликите во рамки се веќе вообичаени и здодевни. За промена добро е да внесете малку повеќе колоритност и живост со декорации кои сами ќе си ги направите.
Според вашиот стил и вкус, направете некоја 3D декорација која ќе изгледа како да излегува од ѕидот или ќе може да се допре и да се гледа од повеќе страни.
Погледнете некоја од следните идеи и обидете се истите да ги направите за во вашата соба.
1. Хартиени цветови во боја
За нив е потребно малку поголемо трпение и умешност за да ги изведете на правилен начин и да успеете да направите целосна комбинација. Потребна ви е хартија во боја или доколку е бела, тогаш ќе ви требаат спрејови со кои ќе ги обоите за да добиете поголема колоритност.
2. Уметничко облаче
Со спојување на неколку картонски кругови, кои претходно ќе ги исцртате или обележите со линии во боја, некои со поголеми, некои со помали димензии, залепени едно преку друго ќе ви дадат интересно уметничко облаче кое е совршена декорација во собата на оние со понеобичен стил.
3. Отворени книги
Старите книги чија содржина не ви се допаднала може да ги искористите и како ѕидна декорација. Отворете ги на средина и превиткувајте ги навнатре страниците.
4. Љубовен ѕид
За ова не ви треба некоја посебна умешност, туку малку повеќе време и трпение за да исечете многу срциња од хартија кои ќе ги поврзете на рибарски безбоен конец и ќе ги закачите на поголема закачалка или друга шипка во вид на големо срце.
5. 3D триаголници
Уште една уметничка декорација за оние со посебен вкус кои сакаат нешто понеобично, а едноставно. Лесно се изработуваат триаголниците, еден по еден и се спојуваат на едно место кое ќе го одберете на ѕидот.
Уште 5 3D декорации на следната страница...