Кутијата за прстен која засекогаш ќе го олесни запросувањето
Откако еден дизајнер од Ванкувер разговарал со својот оженет пријател, дознал дека најнервозен и најпроблематичен момент за време на запросувањето е како да се скрие кутијата за прстенот и да не се открие предвреме.
Вообичаено, кутиите се малечки, но со заоблен изглед кој често знае да направи проблем во изненадувањето. Се забележува ако е во некој џеб или покриен со нешто.
Токму затоа, потребно беше да се смисли нешто толку едноставно, обично и во машки стил, што би било дел од неговите лични работи, а воопшто не би се помислило дека е нешто повеќе од паричник или табакера.
Тенко, еднобојно со лесен механизам на отворање и внатрешен поп-ап механизам кој овозможува интересно поставување на прстенот со ефект на цвеќе.
Ендру Зо, дизајнерот на оваа генијална идеја, прво го промовирал производот во 2011 година како пакување за венчален прстен, а во 2014 година официјално го заштитил под името „Клифон“.
Откако вирално се проширила рекламата, тој има безброј нарачки за изработка на ваквите пакувања, чија цена се движи од $90 долари, па нагоре, зависно од уникатноста на дизајнот.
Момци, би сакале да имате едно вакво пакување за најважниот момент?