Направете сами: Сладок и едноставен освежувач на воздух за вашиот дом
Парфимираните производи, во кои спаѓаат и освежувачите за простор, имаат штетно влијание врз човековото здравје и можат да предизвикаат алергии, астма, главоболки...
Овој едноставен освежувач за простор можете да го направите за брзо време, по свој вкус и ќе ве чини помалку од останатите освежувачи и најважно од сѐ, не штети на вашето здравје.
Што ви е потребно?
- Тегла со капаче
- Сода бикарбона
- Есенцијално масло со мирис по желба
Постапка:
Наполнете ја теглата со тоа што ¼ од нејзиниот простор ќе биде со сода бикарбона. Потоа врз содата капнете 6-8 капки од вашето омилено есенцијално масло.
Затворете ја теглата со капакот на кој претходно сте направиле неколку дупчиња низ кои ќе излегува слаб и лесен мирис.
Доколку сакате интензивен и појак мирис, отворајте ја теглата по неколку пати во текот на денот.