Направи сам: Дајте им нов живот на старите велосипедски тркала
Наместо да ги фрлате старите велосипедски тркала, сега можете да ги искористите и пренамените во интересни и несекојдневни работи.
Поставете ги тркалата на плафонот од вашата кујна и ќе добиете креативна закачалка за вашиот кујнски прибор. Можете да направите масичка со тркала наменета за пијалаци или пак да направите држачи за саксиите со цвеќиња кои наместо на подот ќе се најдат на вашиот ѕид.
Единствено што ви е потребно е малку креативност, слободно време и неколку велосипедски тркала.
1. Дајте ѝ нов изглед на вашата градина и украсете ја со велосипедски тркала
2. Изненадете ги пријтелите со еден малку поинаков летниковец во вашиот двор
3. Наместо старата традиционална даска за храна, направете нова и уникатна масичка од велосипедско тркало
4. Наместо да купувате, направете си сами несекојдневен часовник
5. Рамките за фотографии заменете ги со велосипедско тркало на кое ќе ги прикачите сите ваши моменти вредни за паметење
Погледнете уште 5 интересни идеи на следната страница...