Љубовен хороскоп за јуни 2022: Девици – доста ви е од лоши флертувачи, Ваги – ја одржувате врската во живот
Вага
Ако сте во врска:
Очекувајте нова динамика во односот со партнерот. Ќе покажете иницијатива и ќе ја мотивирате другата половина да ви се придружи во заедничките акции. Ќе имате повеќе забава, а може да испланирате и заедничко патување кое ви е и повеќе од потребно. До крајот на месецот нема да дозволите да западнете во монотонија и ќе барате нов начин за забава. Креативни сте во љубовта.
Ако сте слободни:
Внимателно ќе бирате со кого сакате да се запознаете и со кого сакате да го поминувате слободното време. Пребирливи сте и давате шанса само на личности кои ви ги исполнуваат критериумите – комуникативност, искреност, смисла за хумор. Кон крајот на месецот може да запознаете токму таква личност која ќе ви го привлече вниманието.
Скорпија
Ако сте во врска:
Околу 12 јуни ќе ви се отвори можност да внесете нешто квалитетно и ново во односот со саканата личност. Промената ќе ви годи на двајцата. Во втората декада на јуни, ќе излезат на површина мали несогласувања, заради тоа што помалку време посветувате на домот и семејните односи. Кон крајот на месецот ќе се разбудат страстите и јуни ќе го завршите о смеа, радост и среќа.
Ако сте слободни:
Првата половина од месецот ќе помине без посебни настани и промени. Дури во втората половина ќе наидете на некој што ќе ве маѓепса уште на прва средба. Ќе се воодушевите од необичниот пристап и животните ставови. Впечатокот ќе биде обостран, а до крајот на месецот ќе бидете сигурни дека сте нашле некого со кого може одлично да се сложувате.
Стрелец
Ако сте во врска:
Од почетокот на месецот комуникацијата со партнерот ќе ви се подобри и ќе имате поголемо меѓусебно разбирање. Ќе успеете да решите некои неодамнешни недоразбирања и ќе воспоставите стабилен однос. Се очекува да постигнете и подобрување во заедничките финансии. Кон средината на месецот ќе бидете полни со идеи и иницијатива за подобрување на квалитетот на врската. Ќе наидете на поддршка.
Ако сте слободни:
Ќе се фокусирате на барање личност со која би можеле да остварите емотивна врска, со повеќе оптимизам отколку во изминатиот период. Доста ви е од слободниот живот. На почетокот на месецот може да наидете на некој што ќе успее да ве чита како буквар. Тоа ќе ве натера да ги покажете вашите скриени квалитети и да докажете дека и вие знаете да доминирате.
Јарец
Ако сте во врска:
Во текот на јуни се очекува подобрување на комуникацијата со саканата личност и лесно постигнување договори за заедничките планови. Ќе покажете повеќе иницијатива, за што вашиот партнер ќе биде задоволен. Тоа ќе донесе до подобрување на квалитетот на вашиот однос. Во втората половина се очекува зајакнување на односите со целото семејство. Ќе имате повеќе време да се посветите на домот и најблиските.
Ако сте слободни:
Почетокот на јуни ќе ве отвори за повеќе дружење и излегување отколку во изминатиот период. Ќе ви годи начинот на кој трагате по некоја личност која ќе ви го освои срцето. Во втората половина на месецот ќе запознаете некој со слободен дух, кој ќе ви донесе нови искуства на љубовно поле. Тоа посебно ќе ве привлече и брзо ќе се зближите. Ве очекува незаборавна забава.
Водолија
Ако сте во врска:
Почетокот на месецот ќе тргне со постепено подобрување на комуникацијата со саканата личност, ќе остварите некои планови и договори околу заедничкиот дом. Посветени сте на семејните обврски кои досега ги избегнувавте заради одредени несогласувања. Имате потреба да се доверите на партнерот и целосно да се потпрете на него. Можни се мали несогласувања за финансии кон крајот на месецот, што ќе доведе до разочарувања.
Ако сте слободни:
Јуни ќе биде месецот кога ќе запознаете некој со кого уште од почеток ќе имате разбирање и отворен разговор како да се знаете цел живот. Ќе почнете често да се гледате, а дури ќе ги запоставите малку и пријателите. Брзо ќе се зајакнат емоциите. Сепак, она што нема да го забележите е дека оваа личност има склоност да доминира. Бидете внимателни.
Риби
Ако сте во врска:
Почетокот на јуни ќе ви донесе олеснување во комуникацијата со партнерот, која во изминатиот период беше отежната заради некои несогласувања. Ќе успеете да се договорите за некои заеднички планови. Вие го држите целото семејство и ги водите сите по нагорна линија. Имате желба за заедничка преселба или преуредување на домот ако веќе живеете заедно. Ќе наидете на поддршка.
Ако сте слободни:
Во јуни ќе се организирате подобро во поглед на дружење и излегување и нема да се заглавите во обврски. Тоа ќе ви овозможи запознавање на потенцијален партнер. Ќе паднете на некој што ќе ве примами со сериозните ставови, а брзо ќе почнат да се развиваат меѓусебни симпатии. До крајот на јуни ќе бидете отворени за емотивна врска.