Еден романтичен гест со кој ќе успеете да го освоите секој хороскопски знак (инстантно)
Веднаш ќе ја освоите Вагата ако ѝ купите букет цвеќе без некој повод, додека Биковите најмногу сакаат љубовни поеми и романтични пораки.
Кога станува збор за романтични гестови, секој од нас преферира нешто различно. Некои луѓе сакаат подароци, некои бакнежи, а за некои најромантични се длабоките разговори.
А, кога се обидувате да освоите некоја личност, сигурно ќе си ги зголемите шансите за успех ако знаете на кој романтичен гест „паѓа“.
Па, со кои гестови можете да ги освоите хороскопските знаци?
Овен
Бавно танцување, дури и без музика.
Бик
Напишете му поема, љубовно писмо, па дури и кратка романтична порака со која ќе му покажете колку ви значи.
Близнаци
Мали гестови, како отворање на вратата за нив, со кои ќе покажете дека сте грижлив џентлмен.
Рак
Изненадете го со вечера или коктел.
Лав
Изненадете го со омилениот десерт.
Девица
Одвојте време за длабок интелектуален разговор со кој ќе ги споделите вашите најдлабоки мисли.