Хороскопските знаци рангирани од најдобар до најлош сопруг - Раковите не изневеруваат, за Биковите ќе ви требаат „челични нерви“

so-kogo-kje-uzhivate-a-so-kogo-kje-se-raspravate-i-za-najmali-sitnici-kakvi-sopruzi-se-horoskopskite-znaci-02.jpg

Девица

Девиците можат да бидат добри сопрузи, но нема уште веднаш да ви го откријат нивното вистинско лице.

Ова не значи дека кријат нешто од вас, туку, потребно им е време пред да се отворат.

Тие се забавни и грижливи сопрузи и обично избегнуваат конфликти, но некогаш настојуваат да го гледаат бракот како „заробување“.

Исто така, понекогаш им дозволуваат на негативните мисли да ги надвладеат и ова ги прави нерационални.

Сепак, доколку се сигурни дека се со вистинската личност, најверојатно ќе бидат добри сопрузи.

Овен

Бракот со Овенот може да биде одличен, но и вистинска катастрофа.

Овните се тврдоглави и сакаат да го имаат последниот збор, а ова може да биде причина за конфликти со нивните сопруги.

Тие ја ценат нивната индивидуалност, сакаат да бидат слушнати и скоро секогаш сакаат да бидат во право.

Кога ќе го соберете сето ова, станува јасно зошто Овенот не секогаш е најдобриот сопруг.

Ова не значи дека бракот со Овен е безнадежен, но дефинитивно бара повеќе работа.

Лав

Лавовите ги сакаат нивните сопруги повеќе од кој било друг знак и не се плашат пред нив да ја покажат и својата нежна страна.

Но, кога ќе се соочат со предизвик или каков било конфликт, тешко им е да го контролираат темпераментот. Поради ова, бракот може да биде исполнет со многу жестоки расправии.

Животот со сопруг Лав може да биде тежок, особено ако и сопругата има сличен карактер.

Истовремено, овие мажи некогаш ги запоставуваат потребите на сопругите, а ова е уште една причина за конфликти.

Бик

Без сомнение, Биковите се најтврдоглавиот хороскопски знак, а ова секако дека ќе предизвикува проблеми во нивниот однос со сопругата.

Зборот компромис не постои и за нив и тешко дека некогаш сопругата ќе ги убеди да си го променат мислењето.

Покрај тоа, овие мажи имаат толку високи и нереални стандарди, што практично е невозможно да ги исполните.

Секако, тие можат да бидат и грижливи и лојални сопрузи, но ќе ви требаат „челични нерви“ за да се справите со нив.

Водолија

Бидејќи се најамбициозниот знак во зодијакот, Водолиите можат да бидат проблематични сопрузи.

Најголемиот дел од времето го минуваат со нивните мисли, а најмногу внимание ѝ посветуваат на работата. Ова, пак, може да биде проблем за нивните сопруги.

Иако Водолиите настојуваат да најдат партнер со слични навики, кога-тогаш ќе се јават проблеми поради нивните приоритети.

Стрелец

Покрај тоа што важат за најголеми неверници (секако, не сите), Стрелците се и мажи кои едноставно ја сакаат нивната слобода.

Тие се авантуристи кои сакаат да истражуваат, да искусуваат нови нешта и да запознаваат нови луѓе.

Тие се најлоши сопрузи во зодијакот, но не бидејќи се лоши личности. Едноставно, тие не можат да бидат среќни кога се чувствуваат заробено, а поради тоа ќе страда и бракот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg