Зошто е толку неверојатно тешко да ве сакаат, според хороскопскиот знак
Вага
Затоа што се сомневате во сè и лесно станувате љубоморни, пребарувате во телефонот на партнерот и му ги проверувате социјалните мрежи, тешко ви е да поверувате дека тој не сака да ве повреди и дека ќе ви остане лојален.
Скорпија
Затоа што не верувате никому, тајните си ги чувате само за себе и не му се доверувате на партнерот, не сте сигурни дали тој може да се справи со вашето минато и си ги чувате работите за себе.
Стрелец
Затоа што се плашите од обврска и посветеност некому, навикнати сте да бидете сами и се преправате дека сте без емоции, се однесувате како за одредени луѓе да се грижите помалку од што навистина се грижите.
Јарец
Затоа што емоциите ги чувате заробени во себе. Кога нешто ве мачи, страдате во тишина, не разговарате отворено и партнерот не знае што ви е на ум.
Водолија
Затоа што откажувате планови неочекувано и не се извинувате кога ќе направите грешка, очекувате другите да ве третираат како крал/ица, а вие не го правите истото за нив, не вложувате доволно напор.
Риби
Затоа што сте премногу драматични, секогаш ги прогнозирате најлошите можни сценарија и малите проблеми ги претворате во голема работа, наместо да разговарате за одредена ситуација вие веднаш правите сцена.
С. С. | Црнобело