Раковите да не бидат очајни за љубов – Што треба да престане да прави секој знак во 2021 година?
Вага
Вие како да се опседнавте со надворешниот, физичкиот изглед во 2020 година? Во 2021, престанете да се заморувате со тоа како изгледате. Поработете на внатрешното „јас“, на самодовербата, на менталната хигиена и личниот развој.
Скорпија
Вие сте практични и го цените материјалното. Сепак, претеравте со дополнителни „тезги“ и ангажмани за кои жртвувавте драгоцено време и здравје. Престанете да се опседнувате со парите, ништо добро не доаѓа од нив.
Стрелец
Имавте исклучително тешка година, а сепак не ја симнавте насмевката од лицето. Доколку не престанете да се преправате и да си признаете дека ви е потребна помош, последиците ќе бидат фатални. Престанете да глумите, барем пред себеси за почеток.
Јарец
Постојано барате одобрување – од колегите, од пријателите, а најмногу од родителите. Вие сте среќни кога тие се среќни. Сепак, врската ви преминува во токсична. Почнете да размислувате малку за себе и да бидете себични, престанете толку да се грижите за родителите.
Водолија
Не сте заинтересирани за остварување подлабок емотивен контакт, напротив, некако ве интересира само физичкото, наместо и духовното. Престанете да ги игнорирате луѓето и започнете да комуницирате, остварувајќи подлабоки и значајни односи.
Риби
Очајни сте да се вклопите – на работа, во рамките на домот и друштвото. Чувствувате како не припаѓате никаде. Тоа ве депримира. Престанете по секоја цена да се адаптирате. Најдобро е да бидете она што сте – секогаш ќе има луѓе што ќе ве сакаат и почитуваат поради вашето вистинско јас.
(О)Милена | Црнобело