Вие им зборувате на Рибите – тие гледаат низ вас: Негативните страни кај секој од знаците
Вага
Макар животот да им зависел од тоа, Вагите не може да пресечат и да донесат брзо одлука. Воедно, Вагите се плитки, површни, вештачки и им треба одобрување од другите луѓе како воздухот што го дишат.
Скорпија
Скорпиите имаат многу високи очекувања од другите, сакаат целосна контрола врз работите и луѓето и се одмаздољубиви. Им пркосат на промените и не може да ги заборават лошите работи и навредите коишто ги доживеале. За нив простувањето не е опција.
Стрелец
„Сезнајковци“ е првата работа со која ве поврзуваат другите. Сурови сте, имате силни ставови, а сепак се двоите од другите луѓе, поради што бруталните работи коишто ги кажувате болат уште повеќе.
Јарец
Јарците се грижат толку многу, дури и кога нема потреба од никакви грижа. Ригидни се, опседнати со работата и немаат никаков проблем да ги искористат луѓето за да го остварат замисленото. Ги мразат луѓето што имаат животински нагони, а длабоко во себе и самите се такви.
Водолија
Кога Водолиите ќе решат дека некому не сакаат да му зборуваат, нема да прозборат ниту една единствена буква. Мајстори се во молчење. Ладнокрвни се, воздржани од луѓето и многу чудни и необични кога станува збор за социјалната дружба.
Риби
Дали Рибите може да ја извадат главата од облаци барем на една минута? Имаат сериозен проблем со справување со реалноста, постојано се збунети и изгубени во својата имагинација. Понекогаш им зборувате, а тие како да гледаат низ вас.
(О)Милена | Црнобело