Љубовен хороскоп за јули 2020: Овни - нова врска полна со лаги, Девици - незаборавни љубовни мигови со партнерот

ljuboven-horoskop-za-juli-2020-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Можна е кавга со партнерот поради несогласување околу заедничките цели. Ќе имате различни погледи на тоа што треба да ви биде приоритет во врската. Дури во втората половина на месецот ќе ја подобрите комуникацијата. Мора да организирате некое кратко патување кое ќе ви ја врати страста и ведрината во врската.

Ако сте слободни:

Ќе наидувате на бројни искушенија кои ќе ги тестираат вашите критериуми при избор на партнер. Лошо е што дури може да стапите во врска, само за да не бидете сами. Ќе бидете свесни дека сте комплетно различни личности за таа врска да може да опстане. На крајот од месецот ќе соберете храброст на еден пријател да му кажете дека кон него негувате љубовни емоции.

Скорпија

Ако сте во врска:

Мора да се потрудите да ја подобрите врската со саканата личност, ако не сакате константна тензија и несогласувања. Организирајте повеќе излегувања и заеднички забавни активности. Ќе имате огромна желба за патување, а вашиот партнер ве кочи во тоа. Мора да сте отворени за компромиси и да пронајдете заеднички јазик.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која е забавна, привлечна и има бујна фантазија. Ќе имате длабоки емоции кон неа и комплетно ќе се заљубите. Ќе бидете на седмо небо на почетокот, но потоа можно е да се разочарате и да посакате да се вратите во прегратката на поранешниот партнер. Сепак, внимавајте да не ја идеализирате старата љубов, дадете ѝ шанса на новата.

Стрелец

Ако сте во врска:

Проблемите на поле финансии ќе ви бидат причина за кавги со партнерот. Исто така, ќе имате проблем да се договорите и околу тоа како да го минувате заедничкото време. Во втората половина од месецот ќе ги решите несогласувањата. Некој пријател ќе ви помогне да сфатите дека треба малку повеќе да го цените тоа што го имате.

Ако сте слободни:

Ќе се судрите со осуда од страна на околината, дури и од страна на некои ваши пријатели, поради начинот на живот, па тоа ќе направи да се повлечете малку во себе и ќе ви ја отежни шансата да запознаете некој нов. Ќе имате интензивна комуникација со една личност, но само од вас ќе зависи дали ќе дозволите да се впуштите во врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Во љубовта ќе доживеете големи промени. Многу поискрено ќе си ги покажувате емоциите со партнерот, дури и во бурни времиња. На моменти партнерот ќе се поставува премногу авторитативно и себично и тоа ќе ве иритира, но ќе успеете да се справите. Со отворен разговор ќе дојдете до заеднички решенија.

Ако сте слободни:

Ќе сфатите дека некоја личност од вашето друштво изненадувачки ви праќа љубовни сигнали. Ќе имате многу потенцијални кандидати за љубовна врска. Само еден од нив ќе успее да ви го привлече вниманието. Дури кон крајот на јули ќе воспоставите поблизок контакт со некоја личност. Но, ќе ви се роди и нова надеж за некоја стара врска.

Водолија

Ако сте во врска:

Овој месец ќе го искористите да се насочите кон работите за кои претходно не се согласувавте со партнерот. Ќе имате тон идеи и ќе бидете полни со иницијативност да пронајдете начини на кои вашата врска би функционирала подобро. Можно е флерт со трета личност и на виделина да излезат работи кои ги криевте од партнерот, бидете внимателни.

Ако сте слободни:

Ќе почнете поинтензивно да излегувате со личност со која имате многу заеднички работи. Иако ќе ја запознаете во сосема лежерна атмосфера, со неа ќе имате дискусии на многу сериозни теми. Можно е и флерт со некоја личност преку социјалните мрежи, а потоа и контакт во живо.

Риби

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе бидете во похармоничен однос од кога било. Двајцата ќе бидете задоволни и ќе смислувате како заедно да си ги реализирате целите во животот. Ќе минувате многу време заедно, препреките нема да ви претставувата проблем, а многумина ќе си посакуваат љубов како вашата.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност со ведар дух и со палета од информации на теми кои вам ви се забавни. Ќе излегувате, ќе се дружите, а можно е и започнување на врска откако добро ќе ја запознаете оваа личност. Во вас ќе пробуди емоции кои одамна биле заспани.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg