Хороскопски знаци кои се однесуваат како родители кон своите партнери
За 3 хороскопски знаци се вели дека имаат вроден родителски инстинкт и додека немаат деца, обично го покажуваат кон своите љубовни парнери.
Дали и вие сте на листата?
Овен
Овенот е знак кој секогаш од секого сака да го извади најдоброто. Сепак, тоа честопати знае да ја помине границата, па да се претвори во кажување како другиот да се облече, како да се однесува и како да постапува во одредени ситуации.
Овните сакаат да ги држат работите под контрола, како во својот живот, така и во животот на партнерот.
Девица
Девиците, исто како и Овните, сакаат да ги држат конците. Токму од таму доаѓа нивната желба за превоспитување на сопствениот партнер.
Мислат дека знаат апсолутно сè, па со тек на време сакаат да ја преземат улогата на родител во животот на нивниот љубовен избраник.
Лав
Во природата на Лавовите е доминацијата, како во семејството и друштвото, така и во љубовниот однос. Жените Лавици посебно се издвојуваат по желбата да се однесуваат како мајки кон своите момчиња и сопрузи.
Неретко се случува да се сомневаат во можностите на партнерите, бидејќи сепак тие знаат најдобро.
М. Д. | Црнобело