Хороскопски знаци кои тешко препознаваат дека се во токсична врска
Лицата родени во 3 хороскопски знаци го гледаат светот низ розови очила и ги идеализираат своите љубовни партнери и ситуации.
Кои знаци важат за склони кон разубавување на токсичните врски?
Риби
Секако, на тронот е вечната романтична душа. Рибите во сите го гледаат најдоброто, дури и кога во личноста нема ништо добро. Очајно сакаат да се заљубени и во врска, па за жал, се согласуваат на лош третман, само за да не останат сами.
Јарец
Иако не влегуваат лесно во врски, Јарците се неверојатно заштитнички настроени кон својот партнер. Иако се свесни за неговите мани, постојано го оправдуваат со надеж дека ќе се промени. Тоа нема да се случи, но Јарците имаат висок праг на толеранција и трпење.
Рак
Раковите сами себе се уверуваат дека маните за кои луѓето ги предупредуваат – не постојат. Посесивни се, го идеализираат партнерот, дури и во најлошите изданија.
М. Д. | Црнобело