Според хороскопскиот знак: Емотивен товар кој мора да го оставите во минатата година
Вага
Можеби сте човек кој преферира дипломатија, но во 2019-та мора да се борите за рамноправност, ако сакате да си го сочувате мирот. Знаете да одлетате од сопственото тело и да фантазирате, но сепак ова е година кога цврсто мора да застанете на земја. Слушајте ги инстинктите и сопствените потреби.
Скорпија
Честопати сте во емотивен хаос и имате склоност да трошите премногу пари за да се излечите од тој хаос. Сепак, желбата да се покажете надмено и над другите ќе мора да ја оставите во 2018-та. Во тековнава година размислувајте како да ги залечите емоциите без паричникот да страда. Запрашајте се дали материјалното ве прави среќни или сепак само го користите за да ги воодушевите другите.
Стрелец
Стрелците се секогаш во акција, поради што ретко имаат време да ги средат своите емоции. Но, 2018-та треба да ве научи дека премногу емотивен багаж не помага да стигнете многу далеку. Оваа година почесто прашувајте се „како се чувствувам во врска со тоа?“ пред да направите било што. Така ќе станете потемелни и поодговорни за своите емоции.
Јарец
Како што 2018-та ја оставивте зад себе, време е така да ја оставите и желбата за контрола на секоја ситница. Генерално сметате дека другите не знаат што сакаат и што прават, па вие им кажувате. На тој начин ја пропуштате шансата позитивно да се изненадите и да бидете спонтани. Направете пауза од претпоставките ако сакате да имате успешна година.
Водолија
Овие иноватори честопати знаат да бидат снобови. Водолиите се прекрасни и сите ги сакаат поради различниот поглед на работите, но никогаш не помислувајте дека сте подобри од останатите. 2018-та ве потсети дека луѓето знаат да бидат ужасни, доволно пати се разочаравте, но во 2019-та мора да се научите да простувате за да постигнете душевен мир.
Риби
Имате тенденција да бидете претпазливи, па дури и параноични, и таа особина негативно ви влијае на среќата и расположението. Во 2019-та мора да престанете со црните сценарија. Оваа година од вас ќе побарува да застанете во центарот на вниманието и да работите на идеите кои долго ги запоставувате, па исправете ја главата и без многу негативност.
М. Д. | Црнобело