Вагата вика полиција, Девицата ја игнорира ситуацијата - Што прават знаците кога ќе видат тепачка?
ВАГА – Веднаш и неодложно врти 192 и повикува полиција. Совесно го пријавува случајот и смета дека правдата треба да биде задоволена, а виновникот соодветно казнет. Ќе се понуди како сведок доколку тоа е потребно, а подоцна на сите им го раскажува случајот и очекува некаква пофалба за сопственото однесување.
СКОРПИЈА – Ќе застане да гледа од страна, внимавајќи да не биде повредена. Доколку може некаде да се скрие и тајно да ја набљудува тепачката, уште подобро. Ќе се изнасмее, ќе „пукне сеир“, а сосема можно е да го вклучи и телефонот и да направи некој видео-клип како доказ за будалаштините на тепачите.
СТРЕЛЕЦ – Ќе застане, но само доколку тепачката му се види интересна. Доколку вклучува некое љубовно разочарување, неверство, предавство, тогаш интересот на Стрелецот се засилува и смета дека може да изгуби неколку минути во набљудувањето. Во спротивно, доколку тепачката му се види досадна и неинспиративна, разочарано ќе си замине.
ЈАРЕЦ – Дали може да има корист, доколку Јарецот се инволвира на каков било начин во тепачката? Јарците точно знаат што сакаат, а доколку искалкулираат дека на некој начин ќе имаат бенефит од тепачката, умеат да бидат мошне агресивни и да делуваат брзо и одлучно. Воедно, важно им е што другите мислат за нив, па доколку има публика да ги види во најдобро светло како херој кој ја спасува ситуацијата, толку подобро.
ВОДОЛИЈА – Многу веројатно е дека ги познаваат луѓето кои се инволвирани во расправијата и ќе застанат со цел да им помогнат. Сепак, нивната помош се движи во разумни граници, а и самите немаат многу време за губење. Доколку увидат дека тепачката ја сочинуваат прилично вжештени глави на кои им нема помош, ќе кренат раце и мирно ќе си заминат, знаејќи дека дале сè од себе да ја спречат.
РИБИ – „ВЕ МОЛАМ НЕ СЕ ТЕПАЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ, ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ОВА? ПА ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ, МАЛИ ДЕЦА ПОМИНУВААТ ОД ТУКА, ДРУГИТЕ ВЕ ГЛЕДААТ, НЕМАТЕ ЛИ СРАМ? АМА ПРЕКИНЕТЕ ЈА ТЕПАЧКАТА, ВЕ МОЛАМ!“… (додека безуспешно се обидува да ја прекине тепачката со зборови, започнува да плаче).
(О)Милена | Црнобело