Најголемата љубовна грешка која ја правите, според хороскопскиот знак
Вага - го оттурнуваат партнерот од себе
Иако постои љубов и романса, тие може преку ноќ да одлучат дека партнерот не им е потребен и да почнат да се ладат, а потоа и целосно да го оттурнат од себе.
Скорпија - имаат проблеми со довербата
Дури и да ја имаат најискрената и најдоверливата личност покрај себе, Скорпиите често ќе се сомневаат во својот партнер.
Стрелец - дозволува одвлекување на вниманието
Стрелците се заинтересирани за многу нешта, особено ако нешто е ново. Затоа и лесно се дефокусираат од она што веќе го имаат, мислејќи дека пријателите и партнерот ќе имаат разбирање. Најчесто немаат.
Јарец - сака да го контролира партнерот
Тие сакаат да имаат контрола врз својот живот, што е за пофалба. Но, кога се во врска, сакаат да имаат контрола и врз партнерот, што завршува со гушење и недоволно простор и најчесто со раскинување.
Водолија - врската не им е приоритет
Врската и партнерот им се составен дел од животот, исто како и работата или хобито. Кај нив тоа е рамна линија, па партнерот може да се почувствува запоставен.
Риби - „скокаат“ без размислување
Од врска во врска, од хоби во хоби, од пријателство во пријателство... Нив може да им се случи да започнат нова врска, без воопшто да ги расчистат нештата со претходниот партнер.
Е. Д. | Црнобело