Бикот става фотки од храна, Близнаците - селфија: Како се однесуваат хороскопските знаци на социјалните мрежи?
Кога станува збор за однесување на социјални мрежи, сите се посебна приказна за себе.
Има луѓе кои сакаат целосно да го пренесат својот живот на социјалните мрежи, други пак, обожаваат животот да го прикажат во најдобро светло иако не е баш таков.
А, освен овие, има и такви кои ги користат социјалните мрежи за работа или пак само за да ги „демнат“ другите.
Што вели хороскопот за ова? Како се однесува секој хороскопски знак на социјалните мрежи?
Овен
Тие се фокусирани на себе и сакаат да се прикажат во најдобро светло, па често си ги прават фотките со ефекти пред да ги објават. Пред некој да ги означи на фотографија, мора прво да одобрат, а мораат да знаат што се случува, кој со кого е, како изгледа и слично.
Бик
Припадниците на овој знак сакаат да објавуваат убави фотографии од луксузни работи, јадења и места. Не сакаат кога другите ставаат патетични стихови и песни, но вклучени се во сите тренд групи. Не ставаат многу слики, но ги бришат коментарите од другите кои не им се допаѓаат.
Близнаци
Близнаците се прваци на социјалните мрежи – тие постојано бомбардираат со фотки од себе, од нивните деца, партнерот или известуваат за сите нивни емоционални состојби. Социјалните мрежи не ги сфаќаат сериозно, туку за „утепување“ досада, па најчесто им одат на нерви на сите пријатели со објавите.
Рак
Многу Ракови ги презираат социјалните мрежи и ги избегнуваат максимално, па кога ги користат, нивните објави се малку чудни, па затоа се држат само за да ги пратат луѓето со кои изгубиле контакт, а кога станува збор за значајни настани како роденден на детето, брак или слично, знаат да се пофалат.
Лав
Исто како и во реалноста ,така и на социјалните мрежи, Лавовите сакаат да привлекуваат внимание. Знаат да претераат со објави и фотки, на кои најчесто се во провокативни пози. Редовно ги следат туѓите профили, не пропуштаат ниту една фотка и секаде може да се видат нивните лајкови.
Девица
Девиците ги пратат трендовите и се обидуваат да бидат во тек, па имаат профили на сите социјални мрежи, но на ниту една не ја откриваат својата приватност. Преферираат да објавуваат работи поврзани со друштвен и политички карактер, наместо фотки од себе. Не се чекираат никаде за никој да не може да им го следи трагот.