Девицата не е под стрес, Бикот не е љубоморен - работи за кои знаците се лажат себеси и другите околу нив

Полесно е да го излажеме светот, многу потешко самите себе. Сите сме луѓе и сите имаме маани, кои се особено воочливи кај оние кои им припаѓаат на ист хороскопски знак.

Raboti-za-koi-znacite-se-lazat-sebesi-01.jpg

Астрологијата ни открива многу нешта во врска со нашиот карактер, а една од нив е поврзана со работите за кои најмногу се лажеме себеси, но попатно сакаме да ја прелажеме и околината.

За што најмногу се (нè) лажат знаците?

Овен – Смирен сум и не се лутам!

Вистината е дека Овните се родени да бидат број 1, а се управувани од страна на Марс, планетата на агресијата и војната.

Сакајќи секогаш да бидат во центарот на вниманието и да ги предводат останатите, особено се нервираат кога работите им бегаат надвор од нивната контрола.

Кога нештата не се одвиваат според нивната волја и замисла и некој друг се дрзнува да ја презеде иницијативата, Овенот практично пламнува во бес.

Но, тој секако не сака никој да ја открие неговата натпреварувачка енергија, па полу вешто ќе ве излаже дека е сосема смирен и не, воопшто не се лути што му ја преземавте лидерската функција.

Нетолерантноста е силно изразена кај Овните, но гордоста е уште посилна, таа нема да им дозволи да се скршат пред очите на другите.

Бик – Не сум љубоморен

Доследни, верни и романтични. Најголемите хедонисти уживаат во убави и луксузни предмети, а луѓето со кои сакаат да се опкружени не се никаков исклучок.

За себе го бараат најдобриот партнер, но она што вешто го прикриваат е дека се страшно љубоморни луѓе. Биковите точно знаат што сакаат и што бараат и немаат намера да направат компромис во врска со тоа.

Умеат да бидат мошне тврдоглави кога ќе си зацртаат дека мора да имаат некого или да поседуваат нешто.

Нивната љубомора не се рефлектира само кон партнерите во романтичниот аспект на животот. Доколку поседувате материјален предмет по кој долго копнеат, верувајте дека ќе им се отруе срцето, барем на кратко.

Близнаци – Не осудувам никого

Кај Близнаците секогаш постојат најмалку 2 личности, а двојната природа ги прави да бидат непостојани и со менливо расположение. По природа се шармантни и симпатични, секогаш опкружени со големо друштво и многу пријатели.

Но, иако сакаат да ве убедат дека се срдечни, весели и мошне пријателски настроени, Близнаците длабоко во себе сакаат да ги осудуваат сите.

Можеби тоа се должи на двојната природа, едниот од нив сака да ве гушне, а другиот да ви врзе шлаканица затоа што сте ги облекле тие грди чевли со капутот кој не им одговара.

Близнаците сакаат и да озборуваат. Кога ќе пронајдат некој на иста бранова должина (најчесто уште едни Близнаци) ќе се опуштат во осудувањето и ќе озборуваат без мерка за пристојност.

Рак – Добро сум

Месечината е одговорна за расположението на Ракот. Онака како што таа се менува, на истиот тој начин и Ракот е прилично променлив во своите расположенија.

Тие може да ескалираат од френетично среќни до длабоко несреќни. Она што е карактеристично за нив е фактот што речиси секогаш ќе ви одговорат дека се добро, на прашањето кое се однесува на нивното расположение и душевната состојба.

Како изразен воден знак, Раковите често пати ја ставаат маската на нечувствителност, со цел да преживеат во суровиот свет и да не завршат повредени.

Вистината е дека се премногу чувствителни и ги инвестираат своите емоции за себе и за останатите околу нив. Но, решаваат да го премолчат тоа и да ве убедат дека секогаш се – добро.

Лав – Готово е, ми помина

Центар на сончевиот систем управувам од Сонцето, центар на зодијакот, центар на светот! Тешко е да се остане понизен кога светот се врти околу тебе.

Лавовите сепак имаат великодушно срце и се можеби најдарежливиот знак во хороскопот. Сакаат да приграбат што е можно повеќе моќ и ингеренции, само затоа што сметаат дека на тој начин ќе им го олеснат животот и на другите, на само себеси.

Целите им се високо поставени и прилично тешки за достигнување. Кога некој или нешто ќе им застане на патот, Лавовите сакаат да реагираат инстинктивно, животински.

Сепак, нивната горделивост, слично како кај Овенот, не им го дозволува тоа. Ќе нацртаат широка насмевка на лицето, ќе одмавнат со косата во воздухот и ќе ја кажат најголемата лага – Готово е, навистина ми помина.

Девица – Не сум под стрес

Перфекционисти, организирани, со изострено чувство за прецизност и посветеност. Девиците сакаат сè да биде во најдобар ред и мир, а кога некој се заканува дека ќе го наруши нивното грижливо одржувани кралство, тогаш започнуваат проблемите.

Секогаш ги истакнуваат грешките и недостатоците кај пријателите и поради тоа си создаваат дополнителни проблеми.

Во основа имаат добро и меко срце, сакаат да помогнат секому, но никогаш не ја прифаќаат понудената рака за помош. Тоа ги прави уште понеразбрани, па светот ги доживува како „контрол-фрикови“ и прилично невротични.

Сите овие ситуации им предизвикуваат стрес на Девиците кој никогаш нема да ви го признаат. Наместо тоа ќе се затрупаат со дополнителна работа, на пример, пребришување на чашите по петти пат во денот, само за да заборават или да го елиминираат акумулираниот стрес и нервоза.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg