Африкански хороскоп: Кој знак сте и како влијае на вашиот карактер?
Судија (05.07 до 04.08)
Судијата е најстабилниот знак во африканската астрологија.
Родените во овој знак донесуваат важни животни одлуки во истата секунда и не се плашат да се соочат со реалноста на животот.
Тие не живеат под лажни претпоставки за тоа што е правилно или погрешно, туку живеат во сегашноста, така како што ќе изберат.
Автомобил (05.08 до 03.09)
Овие луѓе поседуваат неверојатна енергија, но можат да бидат многу нестабилни во животот.
Често донесуваат импулсивни одлуки, а потоа се каат.
Овие луѓе не се секогаш доверливи кога треба да работите со нив, но ќе направат сè за пријателите.
Тие бараат начин како да ја канализираат нивната неверојатна енергија и да ја искористат во своја полза.
Патник (04.09 до 03.10)
Родените во овој знак се комплицирани, па повеќето луѓе во нивната околина не ги разбираат.
Нив ги води сопствената интуиција и никогаш не се потпираат на другите.
Понекогаш се осамени и токму тоа е причината зошто им е тешко да се адаптираат на новото опкружување.
Сакаат да останат верни на себе, а лесно можат и да се здружат со некого, но само ако сакаат.
Хоризонт (04.10 до 03.11)
Овие луѓе се многу храбри и често одат против сите, само за да го направат и добијат тоа што го посакуваат.
Понекогаш се ексцентрични, па затоа не се идеален избор кога сте во потрага по животен партнер.
Но, овие луѓе, ако ве засакаат вистински, ќе останат со вас без оглед на околностите.
Дете (04.11 до 03.12)
Овие луѓе често се држат настрана и не сакаат да привлечат внимание.
Тие не се раѓаат со најдобра среќа во животот, но дури и кога се среќни, знаат да завршат во сиромаштија и осамени.
Но, тие се многу вредни луѓе и се трудат да успеат во животот.
Иако се одлични на професионален план, мора да вложат многу повеќе ако сакаат да успеат на личен план и во приватниот живот.
Жетва (04.12 до 03.01)
Луѓето родени во овој знак се секогаш подготвени да работат на себе.
Живеат во изобилство, но го имаат само затоа што вложиле многу и се потрудиле да ги постигнат своите цели.
Сепак, треба повремено и да се забавуваат, а не да се фокусирани само на работата.
А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com