1. Малечката Мери била заробена во замок далеку од дома. Во замокот имало 4 врати, но само една водела до слобода:
- Во првата има лава што инстантно ќе стопи сè.
- Во втората има кловн кој ќе претепа до смрт кој и да влезе.
- Во третата е смртоносно ладно, што секој би се смрзнал кога би влегол.
- Во четвртата има полицаец кој без размислување би пукал и во маж и во жена.
Која врата треба да ја одбере за безбедно да излезе од замокот? ОдговорМалечката Мери треба да ја одбере четвртата врата. Полицаецот би пукал во маж или жена, но не и во дете.
2. Еден дечко отишол во посета на Париз, но не можел веќе да го поднесе погледот кон Ајфеловата кула. Затоа, тој секој ден ручал на едно место од каде што не може да ја гледа.
Кое е тоа место? ОдговорТој јадел во ресторанот кој се наоѓа најдолу во Ајфеловата кула.
3. Петар ѝ се јавил на сопругата да ѝ каже дека ќе биде дома во 20:00, а стигнал во 20:05 часот. Тие немале посебни планови, но сепак жената била многу лута за доцнењето.
Зошто жената се налутила толку многу? ОдговорПетар требало да стигне дома во 20 часот, но стигнал во 20:05 следниот ден.
4. Борјан седел во кафуле и во шолјата нашол мува, па побарал од келнерката да му донесе ново кафе. Откако добил ново кафе и пробал една голтка, се налутил бидејќи сфатил дека е истиот пијалак само ја извадиле мувата.
Како тој го знаел тоа? Одговор„Второто“ кафе кое го добил веќе било благо. Борјан ставил шеќер во „првата“ шолја кафе пред да ја види мувата.
5. Стефан добил задача да оди на аеродром и да пречека клиент со кој не се познава, не го видел претходно, не е позната личност и не добил опис за него за полесно да го најде. Но, кога го здогледал веднаш го препознал.
Како е тоа можно? ОдговорКлиентот кој требало да го пречека бил брат близнак на негов познаник, па затоа му бил познат.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
-->
-->