Помогнете му на детективот: Каде се крие момчето криминалец?
Способноста да забележувате детали и да ги споредувате со фактите овозможува да бидете одличен детектив кој може да ги разреши други и најтешките проблеми. А, за развивање на овие вештини, загатките се одлична вежба.
Еве една кратка загатка која ќе ви покаже дали можете да бидете детектив:
Жежок летен ден, а инспекторот Дамјан е на работа. Заедно со неговиот асистент следат криминалец. Следејќи ги неговите стапки, наидуваат на мала, но многу брза и длабока река.
Пред нив стојат група на пливачи, кон кои инспекторот доаѓа и ги прашува:
„Бараме момче на ваша возраст. Мора да е тука некаде во близина. Дали го видовте?“
„Помина покрај нас пред неколку минути. На другата страна од реката е! Побрзајте!“ - изјавува едно од момчињата, нудејќи му го на инспекторот и својот чамец.
Но, инспекторот ја одбива понудата.
„Дозволете му да избега, сега сакам вас да ве запознаам“.
Зошто инспекторот одлучува своето внимание да го насочи на момците, а не на криминалецот на другата страна?
Добро размислете!
Одговорот ќе го најдете на следната страна...