Најтешката логичка загатка која постои: Колку луѓе на островот имаат зелени очи?

Замислете дека постои остров каде луд диктатор држи во заробеништво 100 луѓе и сите се добри математичари.

logicka-zagatka-kolku-lugje-na-ostrovot-imaat-zeleni-oci-001.jpg

Не можат да избегаат, но постои едно правило кое владее - навечер, било кој затвореник може да побара слобода.

Ако има зелени очи, тогаш ќе биде пуштен, ако не, тогаш ќе биде фрлен во вулкан.

Сите затвореници имаат зелени очи, сите живееле на островот уште од нивното раѓање, но диктаторот направил сè за да се погрижи дека никој од нив не може да открие каква боја на очи има.

Нема огледала, ниту вода на која можат да го видат својот израз и што е најважно, затворениците не смеат да комуницираат меѓусебно.

Но, од друга страна, секое утро имаат можност да се видат еден со друг.

Сите знаат дека никој нема да се осмели да ја побара својата слобода освен ако не е апсолутно сигурен во својот успех.

Под притисок од организации за човекови права, диктаторот е принуден да дозволи некој однадвор да дојде на островот и да разговара со затворениците, со неколку услови.

Можете да дадете само една изјава и не смеете да им давате нови информации.

Па, како можете да им помогнете на затворениците, а да не ги прекршите условите на диктаторот?

По долго размислување кажувате: „Барем еден од вас има зелени очи“.

Диктаторот се сомнева, но сигурен е дека вашата изјава нема да промени ништо.

Едно утро, 100 дена по вашата посета, островот е празен - сите затвореници во иста ноќ побарале да си заминат.

Како успеавте да го надитрите диктаторот?

Одговорот е на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Логичка загатка: Колку луѓе отишле на пикник? Дали логиката ви е силна страна или не ви оди од рака? Ако вашиот одговор е „да“...
Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Трик прашање за умни глави: Како издржал човекот? Дали вашиот мозок секогаш има за сè решение? Дали така ќе биде и со ова трик пра...
Логичка загатка: Колку пари добила мачката? Патката добила 900 денари, пајакот добил 3600 денари... Дали можете да откриете ...
Логичка загатка: Кој греши - жената или мажот? И мажот и жената готват, но еден од двајцата греши. Можете ли да откриете кој (и...
Трик прашање за досетливи умови: Што мириса како сина боја? Колку време ќе ви треба да се досетите на одговорот на ова прашање? Дали ќе ви т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg