Најдобрите оптички илузии за 2020-та што ќе си поиграат со вашиот ум (видео)

Ако и вие сакате да си го тренирате умот со оптички илузии, тогаш сигурно ќе бидете пријатно изненадени кога ќе дознаете дека постои и натпревар за најдобри илузии.

najdobrite-optichki-iluzii-za-2020-ta-shto-kje-si-poigraat-so-vashiot-mozok-video01.jpg

Натпреварот за најдобра илузија се одржува од 2004-та, а неодамна ги прогласија победниците за 2020-та. Една од трите илузии што победи е всушност 3Д верзија на веќе познатата оптичка илузија направена од научникот Шредингер.

Илузијата на Шредингер е цртеж од скалила кои изгледаат потполно исто дури и кога ќе го свртите листот. Победникот на натпреварот ја направил истата илузија, но во 3Д.

najdobrite-optichki-iluzii-za-2020-ta-shto-kje-si-poigraat-so-vashiot-mozok-video-02.jpg

najdobrite-optichki-iluzii-za-2020-ta-shto-kje-si-poigraat-so-vashiot-mozok-video-03.jpg

Илузијата е дело на Кокиши Сугихара од Токио и можете да ја погледнете на видеото во продолжение:

Во натпреварот се избираат 10 финалисти, а од нив се одбираат тројца победници кои добиваат парична награда.

Покрај илузијата со скалилата, во првите три се најде и илузија со лименки од Coca-Cola и лажно огледало.

Илузијата е дело на Мет Причард од Велика Британија, а можете да ја погледнете на видеото во продолжение:

Третиот победник е Даниел Маарлевелд од Холандија кој направил видео со анимација на „2,5Д форми“ чие движење е хипнотизирачко и, како што вели самиот артист, формите се „нелогично логични“.

Меѓу првите 10 се нашла и интересна илузија со бубамари, направена од неколку студенти од Универзитетот во Калифорнија.

najdobrite-optichki-iluzii-za-2020-ta-shto-kje-si-poigraat-so-vashiot-mozok-video-06.jpg

Илузијата ја сочинува зелена рамка која се движи и две бубамари кои се појавуваат наизменично, навидум на разни краеви од рамнината. Сепак, кога ќе се појават во исто време, сфаќате дека секојпат стоеле една до друга.

Доста интересна е и илузијата на Мајкл Карлович и Паскал Валиш која е помеѓу 10-те финалисти.

najdobrite-optichki-iluzii-za-2020-ta-shto-kje-si-poigraat-so-vashiot-mozok-video-07.jpg

Во нивната илузија се претставени неколку прстени и на повеќето луѓе им се чини дека од центарот излегуваат зраци. Но, на цртежот воопшто нема зраци и всушност ние си ги замислуваме.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што не е во ред со одморот на овој заљубен пар? Пар во бикини, ужива на одмор покрај базен, но иако личат среќно, нешто не е во ...
Визуелен предизвик: Пронајдете ги скриените ликови за 10 секунди Каква е вашата моќ на забележување? Имате ли изострен вид, до толку што за 10 се...
Визуелен предизвик: Пронајдете го духот на илустрацијата Некои визуелни предизвици се тешки, но овој не би требал да ви зададе проблем......
Малкумина можат да го најдат мечот на илустрацијата - дали сте помеѓу нив? Дали сте подготвени за еден визуелен предизвик кој ќе покаже дали имате добри ве...
Оптичка илузија: Колку кругови има на илустрацијата? Многу луѓе не можат да дадат точен одговор на ова прашање, но дали ќе ви успее в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg