Оптичка илузија со дејство од 3 месеци
Со следење на неколку едноставни правила ќе дојдете до оптичка илузија која нема да може да ви излезе од паметот.
За овој трик неопходни ќе ви бидат 3 минути и само 3 чекори кои треба детално да ги следите.
Само внимавајте пред да почнете: Оваа илузија може да дејствува над вас и вашиот вид во подолг период.
Чекор бр. 1
Гледајте во средината на оваа слика цела една минута.
Чекор бр. 2
Сега наизменично гледајте во центрите на обоените квадрати најмалку три минути. Поточно, гледајте во центарот на едната коцка, а потоа пренасочете го погледот во центарот на другата и обратно, од втората преминете на првата. Постапката повторувајте ја цели три минути.
Чекор бр. 3
Погледнете повторно на првата тест слика која се наоѓа под чекор бр. 1. Доколку доволно долго гледавте во црвено зелената слика, оваа слика ќе ви се чини како да ја сменила бојата. Вертикалните делови ќе ви се чинат благо црвени, додека пак хоризонталните линии кои се наоѓаат на горната лева и долната десна страна, како благо зелени.
Ефектот ќе биде уште посилен доколку се задржите на сликите и повеќе од 3 минути. Ќе забележите дека и по неколку минути ефектот останува. Поточно, може да остане и до три месеци. Постои можност исто така, да гледате слични линии и во секојдневниот живот.
Сакате ефектот да престане? Свртете на следната страна...