Големината на дланките го открива карактерот: како изгледаат вашите?
Мали раце
Вие сте склони кон преземање ризици. Великодушни сте и авантуристички настроени. Вашите врски, било пријателски или љубовни, често пати знаат да бидат драматични.
Прагматични сте по природна, размислувате логички и обожавате да ги решавате проблемите веднаш и чекор по чекор.
Големи раце
Вие сте перфекционисти. Голем дел од својата енергија ѝ ја посветувате на деталите. Ова понекогаш резултира со доцнење, особено на работното место.
Но вие сте и многу вреден и ефикасен работник на кој луѓето може да се потпрат. Малку сте почувствителни отколку што сакате да бидете. Реагирате импулсивно и понекогаш претерувате со реакциите. Многу ги цените други луѓе, а понекогаш себеси се запоставувате.
Обликот на дланката е исто така многу важен:
Квадратна – вие сте практични и логични. Добри математичари кои употребуваат логика, но не ја следат сопствената интуиција.
Триаголна – брзо ги решавате проблемите. Интуитивни сте и секогаш го слушате малото внатрешно гласче во себе.
Долги раце кои образуваат квадрат – чувствителни сте и авантуристички настроени.
Долги прсти на рацете – вие сте многу љубопитна личност.
Кратки прсти – вие сте роден лидер, а другите ве следат без никаков проблем.
(О)Милена | Црнобело