Големината на дланките го открива карактерот: како изгледаат вашите?
Можеби ќе ви звучи смешно, но се покажало дека луѓето со помали дланки се посклони кон ризици и авантури, додека пак оние со поголеми дланки се најчесто перфекционисти кои не оставаат ништо на случајноста.
Погледнете ги вашите дланки и откријте неколку интересни работи за вас. Но, прво, проверете дали имате големи или мали раце.
Раширете ја десната рака од палецот до средниот прст. Поставете го палецот на преклопот на левата рака, како на сликата. Доколку со вака испружената рака може лесно да го дофатите зглобот со средниот прст и да го почувствувате пулсот, тогаш имате големи раце.
Но, доколку не може да го дофатите зглобот, тогаш имате мали раце.