Квиз: Дали сте зависник од социјални мрежи?
Речиси секој од нас има паметен телефон со кој има пристап до повеќе социјални мрежи, а слободното време во најголем дел го поминуваме во скролање. Но, дали треба да бидете загрижени за тоа колку време поминувате со телефонот?
Најчесто се говори дека децата се тие што се зависни од електронски уреди, но мора да признаеме дека овој проблем во голема мера го имаат и возрасните.
Редовно објавувате фотографии на социјалните мрежи, постојано ги следите објавите од други луѓе, а некогаш ви се случува и да не забележите кога летнало времето додека сте вртеле на Инстаграм и на Фејсбук.
Сепак, постојат разлики помеѓу редовно користење на социјалните мрежи и целосна зависност од нив.
Овој квиз ќе ви помогне да откриете колку сте зависни од социјалните мрежи и дали итно треба да одморите. Кој треба под итно да ги исклучи нотификациите, а кој треба да внимава редовното следење да не премине во зависност?