Тест: Што ве мотивира во животот?

sto-ve-motivira-vo-zivotot-2

 Повеќе одговори со да – Мотиватор ви е околината

Мислењето на другите е она што сè уште ве поттикнува да се докажувате и стремите кон повеќе, иако тоа може да резултира со негативности, сепак вие знаете да го извлечете најдоброто од сите ситуации во кои треба да се истакнете меѓу другите без да ги спуштите на земја, не зборувате, туку докажувате.

Вашето мото: Кога ќе ми кажеш не можам да направам нешто, јас ќе ти речам само гледај ме како го правам!

Повеќе одговори со не – Самите себеси сте свој мотиватор

Живеете за своите соништа, не се грижите за мислењето ниту зборовите на другите, важно ви е само вашето мислење и она што си го кажувате себеси секој ден, а тоа е „Јас сум најдобар!"

Рамнодушни сте кога некој сака да ве навреди или повреди, а со тоа им одите на непријателите на нерви бидејќи делувате недопирливо.

Вашето мото: Мојот живот е моја работа, никогаш нема да дозволам пенкалото со кое ја пишувам мојата книга да биде во туѓи раце.

Изедначен број на одговори – Мирот е ваш мотиватор

Доволен ви е мир во душата за да бидете мотивирани да се будите наутро свежи и полни со енергија, мразите конфликти и сакате да се дружите со сите. Проблемите ги решавате лесно бидејќи секогаш сте насочени кон потрага на решение, наместо да паничите.

Златната средина е онаа во која посакувате да останете цел живот, добра работа, доволно пари, многу љубов и секако мир во душата.

Вашето мото: Не се нервирајте поради лоши луѓе или некоја лоша ситуација, тие се немоќни без вашата реакција!

Кое е вашето мото според резултатите?



Би можело да ве интересира:

Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Ш“? Која актерка беше во брак со Ѓорѓи Колозов? Како се вика птицата преселница со д...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Љ“? Знаете ли како се вика песната што Симон Трпчески ја напиша за Тоше Проески за д...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Л“ Како се вика вжештената маса што еруптира од вулканите? А како е името на е...
Психолошки квиз: Што ви е движечка сила во животот? Што е она што ве мотивира и што ве движи во животот? Од каде црпите позитивна ен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg