Детски загатки за кои ќе ви треба време да одговорите точно
Одговори:
Што е тоа што можеш да го видиш еднаш во минута, двапати во момент, а ниту еднаш во илјада години?
Буквата М.
Кое тркало не се движи кога автомобилот врти десно?
Резервното.
Не сум жива, но имам 5 прсти. Што сум јас?
Ракавица.
Кој збор е напишан погрешно во речник?
Зборот „погрешно“.
Можеме да убиеме, но и да вдахнеме живот. Можеме да бидеме овошје но и отров. Што сме ние?
Зборови.
Секогаш се простирам меѓу небото и земјата и колку поблиску доаѓаш до мене толку бегам подалеку. Што сум јас?
Хоризонт.
Постојам само кога има светлина, а сепак директната светлина ме убива. Што сум јас?
Сенка.
Секоја вечер добивам наредби и секои утро редовно ги извршувам. Сепак секое утро сите ме критикуваат. Што сум јас?
Аларм.
Постојано се зголемува, и никогаш не се намалува. Што е тоа?
Нашата возраст.
Камион возел кон блиското село и сретнал 4 автомобили. Колку возила вкупно патуваат кон селото?
Само камионот.
М. С. | Црнобело