Тужба

Term Main definition
Тужба

Сонување дека сте тужен предупредува на грижи, болести, проблеми што те очекуваат.

Што значи да сонувате дека тужите некого или дека некој ве тужи?

Ако сонувате дека ве тужи непозната личност

Ако во сон ве тужи непозната личност, тоа подразбира дека некој ви поставува стапица. Можно е да не сте свесни за тоа дека некои луѓе ви работат зад грб.

Сфаќате дека нешто чудно се случува, но ќе ви треба време да видите зошто некој би сакал да ви наштети кога сте коректни кон сите.

Ако сонувате дека вие тужите непозната личност

Доколку во сон вие тужите непозната личност, тоа значи дека некој од околината ќе се смени. Веројатно се работи за личност со која сте биле многу блиски.

Вие нема да можете да го/ја препознаете, па затоа добро ќе размислите дали сè уште сакате да бидете во контакт со него/неа.

Ако сонувате дека ве тужи саканата личност

Кога во сон ве тужи саканата личност, тоа укажува дека сте го/ја запоставиле. Можно е да имате многу обврски и да сакате да се гледате и со други луѓе.

Нему/неа тоа нема да му/ѝ се допадне и ќе се жали на заедничките пријатели кои ќе ви укажат да бидете повнимателни кон него/неа.

Ако сонувате дека вие тужите сакана личност

Ако во сон вие тужите сакана личност, тоа подразбира дека ќе се разочарате. Веројатно вашата врска/брак или заеднички живот сте ги замислиле поинаку.

Вие нема да знаете како да постапите, поради што ќе побарате совет од оние во кои имате доверба.

Ако сонувате дека ве тужи некој од членовите на семејството

Доколку во сон некој од членовите на вашето семејство ве тужи, тоа означува  несогласување во домот. Може да се случи едвај да чекате да се отселите за да имате мир.

Го сакате вашето семејство, но вие сте многу различни и не функционирате добро во заедницата.

Ако сонувате дека вие тужите некој од членовите на семејството

Кога во сон вие тужите некој член на семејството, тоа укажува дека ќе се расправате околу наследство. Можно е да сметате дека вам ви припаѓа повеќе од она што некој сака да ви го даде. Ќе бидете незадоволни и тврдоглави, па ќе размислувате да се откажете од сè.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте тужеле некого или некој вас ве тужел, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за тужба

Тужба е дејство со кое се покренува граѓанска постапка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg