Трпеза

Term Main definition
Трпеза

Полна трпеза во сон значи дека ќе добиеш покана за банкет.

Што значи да сонувате трпеза?

Ако сонувате дека гледате полна трпеза

Ако во сон гледате полна трпеза, тоа укажува дека ќе бидете поканети на банкет. Можно е вашата фирма да организира свечен ручек или вечера на која ќе сакате да присуствувате.

Ќе имате можност подобро да ги запознаете колегите и да се дружите со нив.

Ако сонувате празна трпеза

Доколку во сон гледате празна трпеза, тоа подразбира дека сте лош/а готвач/ка. Вие сте личност која не се снаоѓа во кујната, па затоа најмногу сакате да нарачувате готова храна.

Вие готвите само кога имате друштво, а кога сте сами, не ви е важно  што јадете.

Ако сонувате новогодишна трпеза

Кога во сон гледате новогодишна трпеза, тоа значи дека вашето семејство ќе биде заедно. Веројатно во наредниот период ќе се договорите да поминете некое време заедно.

Може да се случи некаде да патувате за празниците и повторно да се чувствувате безгрижно во друштво на луѓето што ги сакате.

Ако сонувате славска трпеза

Ако во сон гледате славска трпеза, тоа подразбира дека ќе имате многу работа. Можно е да имате гости и да ја подготвувате нивната омилена храна. Ќе сакате да им угодите на сите, па нема да стигнете ниту да се наспиете.

Ако сонувате дека украсувате трпеза

Доколку во сон украсувате трпеза, тоа укажува дека забележувате детали. Вие сте креативна личност која прави накит за себе и за другите, шие облека итн. Повеќе сакате вие да создадете нешто, отколку да купувате готови производи.

Ако сонувате дека раскревате трпеза

Кога во сон раскревате трпеза, тоа значи дека некој ќе ве остави на цедило. Веројатно вашето семејство или колегите ќе се извлечат, така што вие ќе мора да завршите поголем дел од работата.

Ќе сметате дека ви е направена неправда и ќе им го кажете тоа.

Ако сонувате дека сте сами на трпеза

Ако во сон сте сами на трпеза, тоа подразбира дека некој ќе ве разочара. Можно е личноста што нестрпливо ја чекате да не дојде. Ќе ви падне тешко и постојано ќе се прашувате со што сте го заслужиле тоа.

Ако сонувате дека имате друштво на трпеза

Кога во сон имате друштво на трпеза, тоа укажува дека ќе одите на гости. Веројатно ќе ве повика личност за која не сте чуле ништо долго време. Ќе решите да го/ја  посетите и да му/ѝ предложите да се гледате почесто.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте поставиле, раскревале или сте виделе трпеза, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за трпеза

Трпеза е маса со поставена храна.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg