Mобилен кој се полни во џеб
На сите ни се познати ситуациите кога немаме батерија на мобилниот телефон, а не носиме полнач за да ја наполниме, или пак сме во движење. Освен што...
...придонесува за дополнителна нервоза во текот на денот, ваквите ситуации често може да нè кочат во секојдневното извршување на обврските.
Развојните тимови во мобилната индустрија осмислуваат и различни концепти на еко-мобилни телефони. Многу производители на мобилни телефони настојуваат да развијат концепти за мобилни телефони на соларни ќелии, или батерии кои се полнат со помош на кинетичка енергија.
Британскиот дизајнер Patrick Hyland отиде чекор понапред. Тој развил концепт - Nokia E-Cu, мобилен телефон кој се полни со помош на топлинска енергија. Во телефонот е интегриран термогенератор кој ја претвора топлинската во електрична енергија. Класичните полначи во овој случај се вишок.
Кратенката „Е“ доаѓа од „environment“, Cu е ознаката за бакар. Куќиштето е бакарно, а телефонот може да се полни покрај било каков извор на топлина, пример радијатор или џеб од пантолони. Ако овој концепт заживее, веруваме во негов комерцијален успех.