10 најскапи телефони на светот
На поголем број луѓе, важно им е да имаат квалитетен мобилен телефон, но исто така сме свесни дека мобилните телефони брзо губат вредност, па по...
... правило не ги купуваме оние најскапите.
Но, денес мобилниот телефон често е и симбол за статус. Ова се 10-те најскапи телефони на светот, не според перформансите, повеќе заради начинот на изработка.
10. Nokia 8800 Arte со розови дијаманти – $134.000 долари. Ова е дело на Питер Алоисон. Изработен од 18 каратно бело злато и прекриен со 680 розови и бели дијаманти од 21.5 карати.
9. iPhone Princess Plus – $176.400 долари. И ова е дело на Питер Алоисон. Го китат 138 дијаманти и 180 брилијанти. „Поскромната“ верзија, само со брилијанти чини $66.150 долари.
8. Sony Ericsson Black Diamond – $300.000 долари. Цената на овој телефон е благодарение на најновите технологии, а не скапоцени камења. Под поликарбонатната маска сместена е ОЛЕД Технологија, а сето она што го нуди телефонот можете да го видите на 4 мегапиксели екран. Минималистичкиот дизајн е исто така мошне атрактивен.
7. Vertu Signature Cobra – $310.000 долари. Произведен е само во 8 примероци. Дизајниран е од познатиот француски златар Боучерон. Има 2 дијаманти, 2 смарагди и 439 рубини.
6. Gresso Luxor Las Vegas Jack Pot – $1 милион долари. Произведен е само во 3 примероци. Се состои од 45.5 каратни црни дијаманти и е направен од 200 години старо африканско црно дрво (најскапо дрво на светот). Секое копче е изработено од рачно полирани сафири. Целиот телефон е зацврстен со 180- грамска златна рамка.
5. Diamond Crypto Smartphone – $1.3 милион долари. Овој руски убавец е изработен од платина, 50 дијаманти од кои 8 се ретки сини дијаманти. Логото и тастатурата се изработени од 18 каратно розово злато.
4. GoldVish „Le Million“ Piece Unique – $1.3 милион долари. Своевремено (во 2008-ма) беше најскап телефон според Гинис, но во меѓувреме го престигнаа неколку нови модели. Направен од 18 каратно злато и микроскопски обработуван 20 каратен дијамант.
3. Kings Button iPhone – $2.4 милиони долари. 138 дијаманти, а “Home” копчето е всушност голем бел 6.6 каратен дијамант.
2. Goldstriker iPhone 3GS Supreme – $3.2 милиони долари. Стјуарт Хјуз од компанијата GoldStriker International е познат по разубавување на разни гаџети. Овој убавец го красат 271 грам од 22 каратно злато и 53 еднокаратни дијаманти. Копчето “Home” е прекриено со ретки 7 каратни дијаманти. Доаѓа во комплет со футрола од најевтин гранит или во спортска златно-кожна верзија.
1. Stuart Hughes iPhone 4 Diamond Rose Edition – $8 милиони долари. Дијамантска жива во комбинација со розово злато. Логото се состои од 53 дијаманти. Во центарот на вниманието е повторно копчето “Home”, овде направено од платина со ретки 7.4 каратни розови дијаманти.