4 грешки кои луѓето ги прават при купување технички апарати

Вашиот мобилен телефон, правосмукалката, лаптопот, микробрановата печка... сите тие се скапи апарати. Купувајте ги паметно.

4-greshki-koi-lugjeto-gi-pravat-pri-kupuvanje-tehnichki-aparati-01.jpg

Купувањето нешто вредно што ќе го користите следните неколку години (или доживотно) е возбудливо, но размислете дали е паметно да потрошите дополнителни пари за додаток кој можеби и никогаш нема да го употребите.

Најчестата дилема при купување апарати за домот или за лична употреба е нивната вредност. На пример, дали би купиле скапа роботска правосмукалка или би поминале со поевтината варијанта, која ја врши истата функција? Дали да ги купите поскапите крпи за во кујна или истата работа ќе ја завршите и со најобични?

Вистината за евтината технологија е дека често ја преплаќате повеќекратно со тоа што брзо се расипува или бара почесто сервисирање.

Затоа, внимавајте на следниве грешки:

Купување технологија која брзо ќе биде заменета

Технолошкиот свет не стои. Ако месецов сте го купиле најновиот модел на мобилен телефон, бидете сигурни дека за три месеци ќе излезе нешто уште подобро. Електронските компоненти се потрошен материјал, па затоа за лаптоп или телевизор вреди да вложите повеќе пари за да го имате најдоброто што ви е потребно.

Ако сакате почесто да менувате мобилни телефони, размислете на опцијата да ги купите користени, бидејќи цената е доста пониска. Дури потоа, откако ќе тестирате што ви одговара, можете да се одлучите да инвестирате повеќе.

4-greshki-koi-lugjeto-gi-pravat-pri-kupuvanje-tehnichki-aparati-02.jpg

Купување производи на старо

Не секогаш втората рака е најдобро решение. Можеби принтерот кој пријателот ви го понудил по ниска цена ви изгледа како добра зделка, но треба да размислите дали тој ќе работи со најновите верзии на оперативниот систем кој го имате.

Постарите апарати, особено компјутерите и лаптопите не секогаш можат да бидат надоградени на најновите верзии на софтверот или можеби ќе треба да барате постари верзии на програмите кои ги инсталирате. Исто така, важно е да имате и гаранција за производот кој го купувате, за поправките да не ве чинат како да сте купиле нов.

Некомпатибилни уреди

Нема логика да купувате гаџети за Епл-уреди ако наскоро сакате да преминете на Андроид. Сето тоа што се нуди е навистина примамливо, но пред да купите, треба да бидете сигурни дека уредите кои ги поседувате можат да се синхронизираат меѓу себе.

Плаќате повеќе отколку што вреди производот

Не купувајте од првата продавница каде сте влегле. Разгледајте, побарајте на социјалните мрежи каде има попуст, проверете дали со картичка за лојалност добивате дополнителни попусти или пак, употребувајте купони. Никогаш не купувајте импулсивно, колку и да ви е потребен некој уред.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg