Го нарекуваат „Телефонот на Ѓаволот“ - првиот во светот без копчиња и приклучоци - Meizu Zero

Конкуренцијата во светот на паметните телефони веќе стана толку жестока што доколку некој бренд сака да се издвои од останатите, тој мора да понуди нешто навистина многу поразлично од нив.

Meizu-Zero-01.jpg

Последните новитети вклучуваат идеи како што се сензор за отпечаток на прст, екран со вграден сензор на отпечаток на прст, закривен екран без копчиња, скенирање на лицето на корисникот и многу повеќе.

Најчесто, со револуционерните новитети се истакнуваат водечките фирми на пазарот, како што се Apple и Samsung, но во последно време сè повеќе во играта се мешаат и новите компании коишто сакаат да бидат дел од пазарот.

Следејќи го примерот на Huawei, Honor, Royole, така и Meizu успеа да го привлече вниманието на љубопитните купувачи.

Meizu Zero е првиот паметен телефон којшто нема никакви копчиња, ниту пак отвори за приклучоци, никаде на неговото куќиште. Паметниот телефон на кинеската компанија беше претставен неодамна и предизвика мноштво прашања, а првото е дали овој вид на дизајн ќе пречи на функционалноста.

Телефонот нема копчиња, нема приклучоци, но нема ни звучници, а ни слот за сим картичка или мемориска картичка, секако нема ни приклучок за полнач, но тоа и не е толку неочекувано со развојот на безжичната технологија на полнење на мобилните телефони. Сè што има се само две камери и еден отвор под нив, сензорот за отпечаток на прст.

Meizu-Zero (5).jpg

Meizu-Zero (2).jpg

Телефонот се отклучува со сензорот за отпечаток на прст и со лизгање по страната на телефонот, којшто е целиот прекриен со разни сензори чувствителни на допир, коишто вибрираат како предупредување дека стеги допреле.

Но што е со сим картичката? Ова е поделикатно прашање. Кинеската компанија тука прибегнува кон необичен трик. Имено, таа користи софтверски базиран сим. Ова е нов стандард којшто се смета дека ќе биде иднината на мобилните комуникации и го има и на најновите модели на Apple и Google Pixel. Тоа е всушност вграден чип во уредот, којшто се користи слично како NFC чипот за плаќање.

Meizu-Zero (4).jpg

Meizu-Zero (3).jpg

Непотребно е да дополниме дека фактот што телефонот нема никакви отвори на себе, го прави целосно водоотпорен. Звучниците се дел од најнова технологија којашто го пренесува звукот преку екранот, најверојатно со помош на вибрации.

Иако телефонот веќе беше јавно претставен и може да се нарача однапред, сè уште не се знае кога точно ќе излезе на пазарот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg