Запознајте ја апликацијата Huawei Facing Emotions која им помага на лицата со оштетен вид
Дали некогаш сте се запрашале која е функцијата на поплочувањето со испакнини на пешачките премини, скалите и влезовите?
Тоа е во суштина начин со кој лицата со оштетен вид се предупредуваат на можна опасност, која е една од многуте иновации која им помага на лицата со оштетен вид да се движат слободно и безбедно.
Иновации за луѓето кои имаат потреба
Слепите лица и лицата со оштетен вид се заинтересирани за технолошките иновации и за нови производи и решенија кои им го олеснуваат животот и им даваат поголема независност. Читачите на екрани и Брајовите дисплеи се неколку примери на „трето око“ - иновации за визуелна помош, кои можат да се најдат и кај мобилните телефони. Различни апликации и функции на паметните телефони, каква што е неодамна претставената апликација HUAWEI Facing Emotions, наменети за внатрешна и надворешна употреба, го олеснуваат движењето и го подобруваат квалитетот на интерперсоналните интеракции за слепите лица.
Емоционален предизвик
Само помислете колку полесен е животот благодарение на паметните телефони. Ова е уште поважно за корисниците со оштетен вид, за кои мобилните телефони и апликациите за навигација станаа нивни лични водичи. Различни нови проекти се создаваат со цел да се одговори на потребите на слепите и на лицата со оштетен вид. И HUAWEI одлучи да ги поддржи слепите лица преку развивање емоции кои ја читаат апликацијата.
"Да се биде слеп не ме спречи да одам на Хималаите, но мојот проблем е во тоа што не можам да ги прочитам емоциите на другите луѓе", вели херојката на најновата кампања на Huawei, 25-годишната Маријана од Стокхолм, која го загуби видот на 10. годишна возраст. Таа не е самa, многу други слепи лица го имаат истиот проблем. И покрај тоа што сега е полесно да комуницираат и да се дружат, некои аспекти од животот им се сè уште недостапни, некои работи едноставно ги избегнуваат.
Проектот Huawei Facing Emotions докажува дека технологијата им служи на луѓето. Невидени способности на паметниот телефон HUAWEI Mate 20 Pro ги инспирираа креаторите да ја искористат целата моќ на вештачката интелигенција за да помогнат во подобрувањето на квалитетот на животот на оние на кои навистина им е потребно. Ова доведе до идеја за апликацијата Facing Emotions која ги мапира точките на лицето за да ги идентификува емоциите и да ги трансформира во звук, создавајќи сосема ново искуство за лицата со оштетен вид.
Вештачката интелигенција препознава емоции
Новиот HUAWEI Mate 20 Pro е опремен со систем за вештачка интелигенција кој ù овозможува на апликацијата Facing Emotions да ги чита емоциите на лицето. Корисникот треба само да ја насочи задната страна од телефонот кон лицето со кое зборува, а потоа апликацијата ги препознава емоциите на соговорникот и му овозможува да знае дали тој чувствува радост, лутина, одбивност, тага, изненадување, страв или презир. Секоја емоција се манифестира како поинакво изразување на лицето кое вештачката интелигенција научи да го препознае. Потоа една 7-те клучни основни емоции ги предефинира со соодветен звук, специјално создаден за таа емоција.
Овој комплициран процес е можен само благодарение на високите перформанси на HUAWEI Mate 20 Pro. Телефонот е опремен со првиот двоен мобилен чипсет со вештачка интелигенција, Кирин 980, кој обезбедува масивна моќ. Како составен дел од процесорот, двојната NPU може да препознае до 4.500 слики во минута.
Надвор од границите на креативноста
За време на првите тестови на апликацијата Facing Emotions, постоеше можност лицата со оштетен вид да го блокираат објективот на камерата со прстите, спречувајќи ја апликацијата да работи правилно. Лицата со оштетен вид велат дека за нив е важно да можат слободно да ја користат апликацијата и да имаат барем една слободна рака за белиот стап, водилката за кучето или за држење за парапет. Од овие причини, Huawei започна соработка со полскиот дизајнер Јан Кочански кој создаде специјален држач наменет за апликацијата Facing Emotions. Исто така, звуците кои укажуваат на секоја емоција беа внимателно разгледани и прецизно дизајнирани, а композиторот Томаш Билецки беше лице одговорно за составување на многу интуитивни и лесно препознатливи звуци на апликацијата.