Што се пребарувало најмногу на Google во 2018 година?
2018 година е пред крајот, но ќе остане во сеќавањата како многу интересна и турбулентна година за интернет заедницата.
Он-лајн просторот одамна е огледало на човештвото и настаните кои очигледно ја брануваат планетата. Ова ни овозможува кон крајот на секоја година да направиме аматерски психолошки профил на човечкиот род, според она што најмногу го пребарувал во годината која изминува.
Во топ 10 пребарувањата доминираат славните лица кои го изгубија својот живот во 2018 год.
Можеби и ќе претпоставите што најмногу се пребарувало на Google во текот на 2018 година, но еве ја и официјалната потврда:
1. Светското првенство во фудбал
2. Авичи
3. Мек Милер
4. Стен Ли
5. Black Panther
6. Меган Маркл
7. Ентони Бордејн
8. XXXTentacion
9. Стивен Хокинг
10. Кејт Спејд
Разочарани што не видовте повеќе поими како „мир“ или „климатски промени“?
(О)Милена | Црнобело