Исклучување нотификации од социјални мрежи како најдобра животна одлука

Социјалните мрежи и нивната достапност на уредот кој ни го собира во џебот. Имаме апликација за Фејсбук, за Твитер, за мејлови, за омилените сајтови, за вести, за порачување храна... а сето тоа значи многу, многу, многу известувања во текот на денот.

iskluchuvanje-notifikacii-od-socijalni-mrezhi-kako-najdobra-zhivotna-odluka-01.jpg

Секако, не треба да се откажете од социјалните мрежи, но не треба ниту да им дозволите да го имаат целото ваше внимание. Така, за почеток, можете да го изгаснете звукот за нотификации, а може да одберете и за која социјална мрежа тие воопшто не ви се важни.

Бидете сигурни дека наскоро животот ќе ви се смени.

Нотификациите го одвлекуваат вниманието од поважни нешта

Неретко се случува некое „клик“ да прекине важен разговор, да наруши време кое го имате за пријателите или да го прекине бакнежот. Ова особено важи за лицата кои не умеат да игнорираат и веднаш го проверуваат телефонот.

iskluchuvanje-notifikacii-od-socijalni-mrezhi-kako-najdobra-zhivotna-odluka-03.jpg

Апликации за продуктивност се дозволени

Користете апликации кои мерат колку време не сте го допреле телефонот, колку вода сте испиле, колку сте се движеле... Тие не испраќаат известувања, а можете да ги проверувате еднаш во текот на денот.

Исклучени нотификации - поголема продуктивност

Кога нешто правите, можете да бидете сигурни дека никаков звук или вибрација нема да ви го одвлечат вниманието. По кратко време ќе сфатите дека подобро нешто не сте можеле да направите и дека колку сте поисклучени од виртуелниот свет, толку полесно си ги завршувате задачите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg