Ако уште ја немате преболено старата љубов, нема да бидете среќни: Фејсбук ги враќа старите пораки и разговори
Можно е периодов да ви стигнат пораки од поранешните емотивни партнери. Зошто?
Корисниците на социјалната мрежа сѐ почесто се жалат на проблеми со чет сервисот – месинџер, кој сега од некоја непозната причина им ги враќа пораките и разговорите стари со години.
Од компанијата го потврдија појавувањето на старите пораки, како и дека се враќаат без никаков конкретен повод, ама не дадоа поконкретно објаснување за ваквата неубава „новина“ на Фејсбук.
„Некои луѓе ги гледаат старите пораки. Свесни сме за проблемот и работиме на тоа што побрзо да го решиме. Се извинуваме заради непријатностите.“
Вака гласи официјалниот одговор што гласноговорникот на компанијата го даде за The Verge.
Сепак, дури и да не се работи за посериозен технички проблем, на многумина враќањето на старите преписки со бившите девојки и дечковци, може да им предизвика сериозни проблеми во новата врска.
Додека смe во очекување на конечен епилог, напишете ни како би се почувствувале вие во дадената ситуација?
М. А. | Црнобело