Првиот Македонски-Израелски Start-up EXAI сака да ја стави Македонија на мапа

Како што веќе ни е познато на сите, во последната деценија IT индустријата зеде голем замав во Македонија. Се повеќе странски инвеститори го гледаат потенцијалот кој го нуди Македонија во поглед на неискористен млад, талентиран и високо образован кадар. Како резултат на тоа, веќе постои изразена конкуренција помеѓу фирмите и стартапите за тоа да се привлече и мотивира најдобриот кадар, нудејќи компетитивни плати кои се значително повисоки од просечната Македонска плата.

prviot-makedonski-izraelski-start-up-exai-saka-da-ja-stavi-makedonija-na-mapa-01.png

Помеѓу најактуелните новитети во Македонија е првиот Македонско - Израелскиот стартап Exai Website Builder кој што активно настапи на Македонската сцена пред околу една година. Exai Website Builder  располага со иновативна технологија за изработка и автоматско одржување на вебсајти, слична на таа што ја нудат веќе светски познатите Wix и Squarespace, но, уникатна во поглед на техничкото одржување на самите веб страни.

Оваа технологија е наменета да им олесни на сопствениците на мали и средни бизниси во одржувањето на технологијата на нивната веб страна но им дава и слобода да можат сами да го менуваат изгледот на веб страната без претходно искуство во програмирање и веб дизајн.

Иницијално, алгоритмите и кодот на технологијата на Exai се создадени од програмери кои работеле во Израелската воена интелигенција. Врз основа  на тие кодови, соработката меѓу израелските и македонските програмери успешно продолжува да го развива и  подобрува системот, а со тоа и корисничкото искуство.

Животот на малите бизниси е значително олеснет со Exai mobile friendly websites технологијата. Во свет којшто постојано се менува, е полн со предизвици и немилосрдна конкуренција, онлајн присуството и видливоста се неодминлив услов за успех. Со тоа што денес целиот свет е на своите мобилни телефони, веб страница оптимизирана за мобилни направи е основна потреба на секој бизнис. 

Exai помага да бидете видлив дел од светот, имајќи во предвид дека она што е навистина важно, и за што сите луѓе всушност работат е семејството. Сакаат да го направат тоа што е најдобро за своите најмили, односно го прават тоа што е најдобро за нивните бизниси да растат. Exai, на нивно големо задоволство преку својата напредна технологија инвестираат во иднината на човештвото и развојот на малите бизниси.

Целта на Exai Website Builder како производ е да понуди поквалитетна услуга од open source платформите кои иницијално се бесплатни за сите но потоа повлекуваат скриени трошоци. Како пример за тоа е земен познатиот WordPress кој го држи најголемиот дел од онлајн пазарот. Оваа платформа нуди бесплатни теми за правење на веб страна но подоцна истата мора да се одржува и оптимизира од страна на професионалец кој би чинел многу пари.

prviot-makedonski-izraelski-start-up-exai-saka-da-ja-stavi-makedonija-na-mapa-02.png

Од друга страна,  Exai системот  е изграден на тој начин што ја гради самата веб страница за многу пократко време од останатите вакви платформи и автоматски ги апдејтира и оптимизира сите свои корисници од една централна машина изградена со помош на вештачка интелигенција. Со се ова се намалуваат трошоците, стресот и времето потрошени за одржување. Exai го прави сето тоа за вас. Во прашање е сложен код кој што претставува предизвик за секој програмер кој што е во потрага по новитети и можност за надоградба на сопственото знаење како и можност да се учествува во нешто што има потенцијал да стане многу големо.

Она што ги издвојува како уникатна средина за напредок и развој е тоа што за тимот на Exai целиот свет е пазар. Се нуди можност за искуство и работа со луѓе од најразлични култури и со различни потреби. Оваа интернационална комуникација помага да се оформи тој посебен Exai карактер кој се базира врз високи вредности достојни за задоволување и на највисоките светски стандарди. Потребите на клиентот се секогаш приоритет. Топлиот пристап како кон клиентот така и кон вработените кои ја сносат одговорноста да понудат услуги достојни за брендот е уште една неодолива карактеристика на целосното Exai искуство.

Тимот на Exai сега за сега постепено расте и се вработуваат нови кадри, но во план е големо проширување и вработување на голем број на млади таленти. Добредојдени се амбициозни веб дизајнери, агенти за продажба, маркетинг специјалисти и секако во најголем број програмери.

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg